Перо Антиќ, пристигна во Атланта

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ пристигна во Атланта, САД. Тој е првиот наш кошаркар кој ќе игра во НБА.

 |  Голабовски Крсте  | 
Pero Antic
Перо Антиќ

Според моменталните информации, Антиќ е можно да дебитира за Атланта на 7 октомври, кога Атланта Хоукс ќе играат во предсезоната против шампионот Мајами.Атланта ја почнува сезоната на 30 октомври против Далас Маверикс.Антиќ почнал да игра кошарка на 11 годишна возраст, во клубот КК Работнички. На возраст од 16 години го направи своето деби во првиот тим на клубот, а на 17 години, отишол на колеџ во САД.Својата професионална кариера ја започнал во КК Работнички од Скопје во 1999 година.

Pero AnticНастапувал за АЕК од Атина од 2001 до 2005 година (каде во 2001 го освојуваат Купот на Грција, а во 2002 по цели 15 години стануваат шампиони на Грција), за Црвена звезда од 2005 до 2007 година (во 2006 го освојуваат Купот на СЦГ), Лукоил Академик од Софија од 2007 до 2008 година, каде го освојуваат купот и шампионатот на Бугарија, а тој и во двете натпреварувања ги освојува сите награди (МВП, најдобар стрелец и најдобар скокач), Локомотивод Ростов на Дон од 2008 до 2010 година, во сезоната 2010 за Лукoил Академик од Софија каде пак стануваат шампиони на Бугарија и Куп победници, а Перо МВП), а во 2010 година потпиша за Спартак, Санкт Петербург, каде по долги години го освојуваат Купот на Русија, а Перо е МВП.

Во 2011 година по освојувањето на 4-то историско место на Евробаскетот во Литванија, Перо заминува во грчки Олимпијакос од Атина. Во 2012 година стануваат грчки шампиони и шампиони на Европа, а наредната 2013 година, по втор пат стануваат европски шампиони. Веднаш по тоа, Перо,како слободен играч, потпишува договор со НБА клубот Атланта Хоукс и со тоа станува првиот Македонец кој ќе игра во НБА.
Тој е најкорисниот играч на сезоната 2007/2008 во Бугарија, каде имал просек од 23,3 поени и доминантни 9,3 скокови по натпревар.
Антиќ е висок 210 см и тежок 110 кг. Игра на позиција центар. Во 2008/2008, во УЛЕБ Купот, тој имал просек од 18,2 поени и 9,1 скок.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top