Французите за прв пат ја носат европската кошаркарска круна

Кошаркарската репрезентација на Франција ја растури Литванија во финалето на 38-то издание на Европското првенство и за прв пат во историјата ја освои европската круна.

 |  Голабовски Крсте  | 
франција
francija

Кошаркарската репрезентација на Франција ја растури Литванија во финалето на 38-то издание на Европското првенство и за прв пат во историјата ја освои европската круна.

Откако им ја одземаа круната на Шпанците во полуфиналето, кошаркарите на Франција потврдија дека во моментов се најдобри во Европа со високата победа над Литванија на финалниот натпревар во салата Стожице во Љубљана.

kosarkariФранцузите го надскокаа противникот на стартот и направија мала предност, но Литванците го имаа расположениот Клеиза кој го иницираше пресвртот и по првиот период тие водеа со 19:22.

Кошаркарите на Франција продолжија да доминираат под обрачите и ги користеа грешките на Литванија. Во последните минути од првото полувреме почна да тоне бродот на Литванците и тие четири минути не постигнаа ниту еден поен, а Францизите со серија од 14:0 направија голема предност од +16 поени (50:34) со кои заминаа на паузата.

Верувале или не, кошаркарите на Литванија го направија првиот офанзивен скок дури во третата минута од последната четвртина.
Оваа доминација на Французите под кошевите се рефлектираше и на резултатот и тие рутинирано го одржуваа водството кое на моменти достигаше и до +20.

На крајот Франција славеше со 80:66.

Репрезентацијата на Франција до првата европска круна ја предводеа Батум со 17 поени, Дијао постигна 15, а Паркер 12. Во вицешампионскиот состав се истакнаа Клеиза со 20 и Калнеитис со 19 поени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top