Ознака: план

star grad

Докажуваа чија е вината за заглавеноста на Законот за Охрид

Post Views: 7 Врелото сонце ги вжешти политичките страсти и за Законот за Охрид. Прозивки и докажувања кој е во право, а кој го кочи изготвувањето на ДУП за да почне имплементирањето на Законот за Охрид.Портпаролот Никола Митровиќ од говорницата на ОК на Вмро Дпмне  обвини  дека градоначалникот Александар Петрески заради негови урбани политики не сака да го спроведе Законот за Охрид. Повика градоначалникот Петрески да постапи според членовите 6 и 13 од Законот за Охрид. Во тој закон утвреден е рок од една година од донесувањето на законот да се донесе ДУП за целата заштитена зона,...

Continue reading

drim kor grupa

Прв состанок на Дрим Кор групата

Post Views: 1 Прв состанок на Дрим Кор групата која работи на прашањата позврзани со управувањето на Дримскиот Басен. Ова е прв официјален состанок на Дрим Кор Групата откако е потпишан Договорот за заедничка визија за Дримскиот Басен ,меѓу 5-те земји , со кој Групата стана официјално тело со преставници од сите земји.  Ова е прва средба на која се донесоа  значајни одлуки како што се акциониот план до 2014 год., но и се прецизираше што се се прави за да се подобри соработката помеѓу земјите. Присутните на работниот состанок дискутираа и за тоа како да се решаваат проблемите најмногу...

Continue reading

sednica

Веќе видено сценарио или случајност

Post Views: 0 Само што тргна, работата застана. Се израдувавме што денешната седница на Советот на општина Охрид после еден час доцнење конечно почна, но радоста не ни траеше долго. Советниците се сопнаа уште на првата точка од дневниот ред. Предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на финансискиот план за 2011 година на Центарот за развој на Југозападниот плански регион им ги разгоре страстите. Советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јованка Дамоска Секулоска рече дека во овој извештај не виделе ништо ново. Таа потенцираше дека аплицирањето со проекти до фондовите...

Continue reading

poligon mali sportovi

Што бидна со Конгресниот центар?

Post Views: 11 Што е со ветувањето за изградба на Конгресен центар? Прашуваат од О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Горан Патчев, претседателот на Комисијата за урбанизам од оваа партија, потсети на ветувањето на градоначалникот Александар Петрески од пред повеќе од три години, дека на просторот каде се наоѓаше спортскиот полигон многу скоро ќе започне да се гради Конгресен центар. Патчев додаде дека градоначалникот ова го издоговорил со менаџерите на А.Д. Гранит кој и е сопственик на земјиштето. „Но, знаејќи ги манипулациите на Петрески не би не зачудило ако со овој простор се калкулира...

Continue reading

stefan

Полицајците до низа поволности преку ИПА

Post Views: 0  Македонските полициски службеници дел од Интернационалната полициска асоцијација. Тие ќе градат пријателски релации со останатите колеги од светот. Соработките ќе можат да ги развиваат во неколку области од културата, спортот и туризмот. Сега, низа придобивки на македонските полициски службеници ќе им бидат овозможени со влезот во Интернационалната полициска асоцијација. Од денес и македонските полицајци се дел од меѓународната асоцијација во која членуваат околу 300.000 полициски службеници од 63 земји. Претседателот на регионалната охридска секција, Стефан Димоски...

Continue reading

most

Понтони да, но по еко-стандарди

Post Views: 1 Нов оглас, со нови обврски. Уште неколку дена до распишување на новиот оглас за краткотраен закуп на охридските плажи, а заинтересираните се соочуваат со најавата за доплнителната обврска, поставување на мини пристаништа, на пет охридски плажи. Од потенцијалните концесионери, сега за сега молк. Повеќето од поранешните закупци на плажите, на кои според акциониот план на МТВ треба да се постават понтонските пристаништа, не сакаат да коментираат се додека не се знаат условите во огласите за давање на плажите под краткотраен закуп, кои пак треба да се распишат до крајот...

Continue reading

Ljupco Avramoski

Нова градба крај езеро

Post Views: 21 Финишира постапката за изградба на нов објект покрај езерото. На само 53 метри од крајбрежјето на Охридското Езеро, на дел од туристичкиот комплекс Св. Стефан, планирано е изградба на објект за времено сместување А-4. Со цел навремено да се согледаат можните негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето, како и социо – економските аспекти од реализација на овој план се наложило потреба за спроведување на Стратегиска оцена, велат од Локалната. Денес на јавна расправа беше разгледана нацрт верзијата од планот и Извештајот за стратегиската оцена. Љупчо...

Continue reading

Ohridski naroden teatar

Започнува новата сезона на „Охридскиот народен театар“

Post Views: 12 До месец јули остануваат уште две претстави и тоа претставата „Итар Пејо“ на Братислав Димитров, убав мјузикл за деца и млади, кој охриѓани треба да го видат кон крајот на мај и третата претстава која се подготвува „Малограѓанска свадба“ на Бертхолд Брехт, а во реЖија на Дејан Пројкоски. Стојаноски се надева дека подготовките за оваа претстава ќе започнат во месец јуни, а кон крајот на јули, истата ќе биде во склоп на фестивалот „Охридско  лето“. За периодот од септември до крајот на годината во план се премиери на уште две театарски претстави, објаснува тој. Бидејќи...

Continue reading

blato

Студенчишкото блато и ЛEАП-от чекаат амин од советниците

Post Views: 0  Предлогoдлуката за усвојување на Локален акционен план за животна средина за општина Охрид и информацијата за изработка на интегрирана студија за состојбата на остатокот од Студенчишкото Блато и преземање на мерки за негова ревитализација пред советниците.   „Добро е што конечно локалниот еколошки акционен план е изработен и истиот е ставен на седница на совет“, вели советникот Дејан Пановски, човекот кој во 2008 год. лобираше за да се изработи ваков план.   Локалниот еколошки акционен план е документ кој општината треба да го искористи најмногу, за да ги промовира...

Continue reading

Stefan Dimoski

Успешна година за СВР

Post Views: 27 СВР Охрид годината ја завршува со позитивен биланс во свкупното работење. Ова се однесува во сите сегменти во работењето на полицијата како и во делот на сведување на минимум на казнените дела, вели портпаролот на СВР Стафан Димоски. „Реализацијата е исто така позитивна и би сакал да потенцирам дека во делот на општиот криминалитет и во делот на организираниот криминалитет во делот на нарушувањрто на јавниот ред и мир како и во делот на сообраќајот видно се бележи намалување на бројот на казнените дела“, вели портпарол СВР Охрид, Стефан Димоски. Димоски напомена дека...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Петрески бара фабричките комплекси да се нудат како индустриска зона

Post Views: 0 Првиот човек на Охрид, Александар Петрески 2011 ја оцени како една од најтешките години на економски план од осамостојувањето на земјава. Најболната точка на градот е невработеноста на повеќе од 10.000 граѓани кои останаа без работа од некогашните фирми Отекс, Слобода,  Братство, Застава и од Емо, вели Петрески. Јас од Владата и од Премиерот барам еднаков третман кон Охрид за да се вработат охриѓани како што тоа го имаат кон другите градови каде што се отвараат индустриски зони. Тој прашува „ Зошто нивите и полињата да се претвораат во индустриски зони кога Охрид веќе...

Continue reading

obuka

Како да се започне сопствен бизнис?

Post Views: 0 Веројатно сонот на многу луѓе е да започнат сопствен бизнис. Можноста да го реализираат овој свој сон добија 25 невработени лица со помош на Агенцијата за вработување од Охрид и Фондацијата за подршка на претпријатијата. Проектот „Градење на заеднички патеки за можности за вработување во пограничниот период“ е подржан од Европската унија и исклучиво е наменет за невработените лица. Имено овој проект беше изработен уште во 2009 година од страна на фондацијата  за подршка на претпријатијата од Охрид, меѓутоа одобрен беше дури во Март оваа година. Учесниците задоволни од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top