Како да се започне сопствен бизнис?

Одговорот го добија 25 невработени лица од нашата општина. Во тек е обуката за претприемништво во која тие разработуваат бизнис планови кои во иднина би можеле да ги реализираат. Лицата кои ќе ја завршат оваа обука ќе добијат сертификат, но и можност да аплицираат за владиниот проект за самовработување.

 |  Мишел Наумоски  | 
obuka
obuka

Веројатно сонот на многу луѓе е да започнат сопствен бизнис. Можноста да го реализираат овој свој сон добија 25 невработени лица со помош на Агенцијата за вработување од Охрид и Фондацијата за подршка на претпријатијата. Проектот „Градење на заеднички патеки за можности за вработување во пограничниот период“ е подржан од Европската унија и исклучиво е наменет за невработените лица. Имено овој проект беше изработен уште во 2009 година од страна на фондацијата  за подршка на претпријатијата од Охрид, меѓутоа одобрен беше дури во Март оваа година. Учесниците задоволни од можностите што ги нуди проектот, велат скоро сите веќе имаме по некоја идеја за бизнис.

„Буквално прво не воведоа во еден нов непознат свет на претприемништво како изгледа сето тоа, и како треба да изгледа еден претприемач. Добивме еден јасен приказ, слика како треба да  изгледа еден претприемач или бизнисмен и сеуште сме во тек со тие работи како треба да се прави еден маркетинг план, бизнис план и доволно добро учиме мислам.“ -рече Наташа Јанческа-учесник во обуката

obukaОвој проект е всушност меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија. Во обуката учествуваат претставници од Агенцијата за вработување од Охрид, претставник од Работничкиот факултет и Бирото за развој на образованието.

„30 дневна обука за лицата кои што сакаат да отпочнат сопствен бизнис на тема претприемништво. Во моментот оди првиот дел од обуката. Темите кои што се обработуваат се истражување на пазарот, маркетинг, финансии, разработка на бизнис идеја. 25 лица ќе ја завршат оваа обука, ќе добијат сертификат и потоа тие лица кои што навистина сакаат да отпочнат бизнис ќе ги упатиме на проектот за самовработување кој што оди преку Агенцијата за вработување во Охрид.“-вели Елизабета Петанова-Координатор на проектот.

Владиниот проект на кој ќе бидат насочени посетувачите на обуката по нејзиното завршување им нуди одлична можност за реализација на нивните идеи. На годишно ниво преку овој проект стипендии односно грантови во висина од 3000 евра добиваат 750 апликанти. Заинтересираните невработени лица најпрво ќе треба да положат тест за претприемништво, па потоа да добијат свој консултант, да го разработат својот бизнис план и да аплицираат за владиниот проект. Од Охрид во просек годишно околу 20 лица успеваат да ги добијат неповратните средства од државата и да започнат свој бизнис. Оваа триесет дневна обука се спроведува во два дела, едниот е овој во Ноември и Декември, додека вториот дел ќе биде во Февруари и Март.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top