Post Views: 2
„Jа информираме јавноста дека сопствениците на земјиштето во У З 17.1 и Месната Заедница од Рача се согласуваат и ја поздравуваат иницијативата за урбанизација на овај дел од Охрид.“Јавно искажеме поддршка и согласноста за урбанизација на нашите приватни имоти затоа што никој нема право да ни го одземе правото на урбанизација на земјиште на кое нема ни б од блато.Застануваме зад носењето на Генералниот урбанистички план што се однесува за овој дел од Охрид , затоа што со сегашниот кој е донесен во 2006 година, нашите имоти се блокирани во однос на остварувањето...
Post Views: 8
Изградба на нови хотели, но и реконструкција, доградба и надградба на постоечките хотелски капацитети на потегот од населбата „Св. Стефан“ до хотелот „Метропол“. Ова е предвидено со новодонесениот детален урбанистички план за овој потег, односно вон-населено место.
Бранко Арнаудов, од Секторот за урбанизам при локалната самоуправа појаснува дека во сите детални урбанистички планови кои се вон-населено место, единствена намена на земјиштето може да биде само изградба на хотелски комплекси, мотели, старечки домови или викенд куќи.
„На потегот од „Св.Стефан“ отприлика до...
Post Views: 0
Беа формирани три младински клубови во градовите Штип, Охрид и Гостивар, каде членуваа средношколци од стручни училишта кои беа менторирани и подучувани за претприемништвото од македонски експерти во различни категории. Идејата на младите Карали и Спасеноски претставува иновативна автоперална која преку мобилна апликација овозможува да се направи нарачка за чистење на автомобил, кој вработените ќе го преземат и ќе го вратат назад. Велат дека идејата им дошла спонтано и дека навистина им е потребна поддршка на младите за реализирање на нивните идеи.
„Ова е голем поттик...
Post Views: 1
Агенциите за недвижности се соочуваат со редици проблеми. Како што вели Александар Трајкоски, од ЕНХЕЛЕЈА овие проблеми се провлекуваат 20 години нананзад. Еден доста горлив проблем е што голем процент на недвижности во Охрид се продаваат приватно, односно на интернет сајтовите, како што појаснува Трајкски.
„Има ситуација се продава куќа во центарот во стариот дел од градот. Таа куќа тогаш немало урбанистички, со некое авионско снимање влегла само под објект, така било и сега таа има имотен лист, меѓутоа катот не е легализиран или е надвор од габаритот или има некој...
Post Views: 2
Засилени полициски мерки на превентивен план, физичко обезбедување, воспоставување на видеонадзор и подобрување на осветлувањето на градскиот пазар, се главните заклучоци што беа донесени на вчерашната средба на претставници на отсекот за превенција при СВР Охрид со претставниците на јавното претпријатие „Градски Пазар“, со сопствениците на трговски објекти и корисниците на тезги.
Состанокот беше организиран во рамките на Акциониот план за реализација на проекти изготвен од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија а во склоп на проект„Бизнисот...
Post Views: 5
Министерството за внатрешни работи денеска ја започнува втораа фаза од оперативниот план за постапување на изборите односно збиднувањето и сите мерки и активности кои што се предвидени токму за осигурување на јавниот ред и мир на денот на гласањето, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
“Имено, МВР согласно претходно изготвениот план уште во шест часот сабајлево ги распореди полициските службеници на сите избирачки места на кои што на истите беше предвидено согласно плановите да ги обезбедуваат“, изјави Котески.Тој истакна дека најголемиот дел од избирачките места...
Post Views: 4
За помалку од една седмица ќе се знае кој ќе стопанисува со лизгалиште на плоштадот. Локалната самоуправа годинава објави оглас за издавање на 300 м2 јавна површина, на која треба да се постави лизгалиштето. Лани проектот лизгалиште во јавноста подигна многу прашина. Овој пат, Советникот од опозицијата Дејан Блажески на новата процедура и објавениот тендер гледа со одобрување.„ Интересен момент е тоа што се промена од лани дo годинава, за годинава, да има вака процедура пологична за мене, во формите на правилата и прописите, за разлика од лани кога постојано жонглиравме...
Post Views: 6
Сите фирми кои во своето работење создаваат документација, според Законот за архивски материјали, мораа до крајот на минатиот месец до одделението на Државниот архив во Охрид, да достават План на архивски знаци и листи на архивски и документарни материјали.
Законската обврска на фирмите до крајот на месец ноември до подрачните одделенија на државниот архив да достават План на архивски знаци и листи на архивски и документарни материјали, крена многу врева во јавноста. Се поставија многу прашања, од тоа зошто се чекале последните денови, дали треба документацијата која...
Post Views: 1
Резиденциjални објекти ќе никнат кај Андон Дуков некогашното најпосетувано одморалиште на Охридското крајбрежје. На последната седница на охридскиот Совет беше усвоена предлог одлуката за прифаќање на иницијатива за изработка на урбанистички план за овој атрактивен локалитет.
Изградба на резиденцијални објекти била предвидена во основниот урбанистички план кој бил донесен 80 тите години како што нагласи Бранко Арнаудов од Секторот за урбанизам. Но со измените на законот во 2013 година бидејќи основниот план не беше усогласен со новата законска регулатива, тој план се...
Post Views: 2
Многу забава, многу дружење, а по малку и трчање и фудбал на Меморијалниот медиумски фудбалски куп.
16ина новинари, монтажери, камермани, водители, сопственици на медиуми, поделени во два тима, вчера одиграа фудбалски натпревар во чест на своите колеги Петар Алексоски од Телевизија ТВМ, Наумче Аврамоски-Ди џеј Бруце, Влатко Пантоски-Ди џеј Пантер од Супер Радио и Јован Слатинец-Ди џеј Мравка, кои оставија белег во охридската медиумска сцена, а кои прерано не напуштија.
Натпреварот беше приказна сама за себе, и тоа забавна приказна. За почеток, посебно отпечатените маички...
Post Views: 3
Од вчера и официјално започна есента, а со тоа доаѓаат и обилните есенски дождови. Граѓаните сугерираат Локалната што поскоро да ги исчисти каналите и речните корита како не би дошло до појава на поплави на некои критични места во градот. Моменталната состојба на каналите и реките е на незавидно ниво. Натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад може да се види во оние кои не се обраснати со бујна вегетација. Од Локалната тврдат дека каналите и речните корита не се во толку лоша состојба.
Според она што лани нашите екипи го сработија каналите не се во...
Post Views: 0
Добрата бизнис идеја со мала помош од државата може далеку да дотурка. Физиотерапевтот Михаил Шишкоски е доказ дека тоа е возможно. Неговата ординација за физиотерапија, кинезитерапија, медицински масажи „Валео“ веќе три и пол години функционира и успешно работи во нашиот град. Михаил раскажува дека како и секој млад човек по завршувањето со образованието сонува за добра и платена работа. Согледувајќи ги можностите во нашиот град, одлучил дека треба среќата да ја побара во Скопје. Но кога бил на прагот да прифати една од понудите за работа, разбрал за проектите за самовработување...