МВР: Казни за секој кој ќе го наруши изборниот процес

“МВР е во континуиран контакт со ДИК, со избирачките одбори и општинските изборни комисии, така што ќе постапуваме по секоја нивна пријава, поплака или било какво барање за асистенција“, вели Котевски.

 |   | 
МВР
МВР

МВРМинистерството за внатрешни работи денеска ја започнува втораа фаза од оперативниот план за постапување на изборите односно збиднувањето и сите мерки и активности кои што се предвидени токму за осигурување на јавниот ред и мир на денот на гласањето, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

“Имено, МВР согласно претходно изготвениот план уште во шест часот сабајлево ги распореди полициските службеници на сите избирачки места на кои што на истите беше предвидено согласно плановите да ги обезбедуваат“, изјави Котески.
Тој истакна дека најголемиот дел од избирачките места се покриваат со фиксно обезбедување но согласно потребите и проценките во однос на ризикот одреден број на избирачки места се покриваат патролно.

“МВР е во континуиран контакт со ДИК, со избирачките одбори и општинските изборни комисии, така што ќе постапуваме по секоја нивна пријава, поплака или било какво барање за асистенција“, вели Котевски.

Тој додаде дека освен обезбедувањето кое започнало во 6 часот и ќе трае се до 19 часот, МВР денеска ги отвори вратите на правните служби за да можат сите граѓани кои претходно аплицирале за лични документи, истите да ги подигнат денес.

По завршувањето на изборите, МВР продолжува со третата фаза, односно со обезбедување на избирачките места и пребројувањето на гласовитекако и дистрибуција на изборниот материјал до ОИК.

Котевски вели дека се надеваат дека денот ќе помине мирно и без поголеми инциденти, а полицијата е подготвена неселективно да реагира за секој инцидент и да го казни секој оној кој ќе го наруши изборниот процес.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top