Петрески бара фабричките комплекси да се нудат како индустриска зона

Првиот човек на Охрид, Александар Петрески 2011 ја оцени како една од најтешките години на економски план од осамостојувањето на земјава.

 |  Валентина Нелоска  | 
Aleksandar Petreski
Aleksandar Petreski

Првиот човек на Охрид, Александар Петрески 2011 ја оцени како една од најтешките години на економски план од осамостојувањето на земјава. Најболната точка на градот е невработеноста на повеќе од 10.000 граѓани кои останаа без работа од некогашните фирми Отекс, Слобода,  Братство, Застава и од Емо, вели Петрески. Јас од Владата и од Премиерот барам еднаков третман кон Охрид за да се вработат охриѓани како што тоа го имаат кон другите градови каде што се отвараат индустриски зони. Тој прашува „ Зошто нивите и полињата да се претвораат во индустриски зони кога Охрид веќе има индустриска зона и  фабричките хали може да се обноват. Странските инвеститори би биле и позадоволни затоа што имаат во близина и аеродром, потенцира Петрески. Јас не барам помош туку само Владата да гледа подеднакво ако има Охрид услови да се направи индистриската зона, а не да се градат колиби“.
Во годинава на изминување останаа не реализирани најавуваните проекти: автобуска станица, катни гаражи, градскиот пазар, домот за стари лица. Според Петрески главна пречка за нивно неотпочнување со градење е задоцнетата децентрализација на општина Охрид. За Локалната самоупрва ќе беше добро во втората фаза на децентрализација да влезат уште во 2010, но тоа се случи по една година. Во престојната година ќе се води сметка за приоритети кои ќе ги бараат граѓаните, вели градоначалникот.
Имајќи ја во предвид економската криза Петрески потсети на активносите кои Локалната самоуправа ги направи  во рамките на своите ингеренции за да им го олесни  животот на граѓаните. Потсети на намалените даноците со најниска законска ставка, на данокот на имот намален за 100 посто. Петрески укажа на бројни зафати со кои го подобриле начинот на живеење за граѓаните, на изградените километри канализација, водоводни  мрежи, колекторски приклучок, ѕидање на речното корито на Грашница со кое е  спречено загадуавње на езерото, пуштање во употреба на спорстки сали и пливачкиот базен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top