Ознака: пензионери

magnus

Пензионерите ќе добијат сместувалиште

Post Views: 0 Пензионерите од Охрид па и пошироко ќе добијат Дом за стари лица. Иницијативата на пензионерите како и нивната четиригодишната битка да се обезбеди престој за старите лица, по се изгледа резултира со позитивен епилог. Портпаролот на Здружението на Пензионери на Охрид и Дебрца Крсте Спасески, вели дека надминати се сите проблеми околу имотно правната состојба за местото каде треба да никне овој објект и во најскоро време очекуваат да се удри камен темелник на Домот за стари лица.„Сега со влегувањето на Локалната самоуправа во втората фаза на децентреализација од нова...

Continue reading

el. karticki

Пензионери, време е за електронски здравствени картички!

Post Views: 3 Пензионерите следни на листата на чекање за електронски здравствени картички. Се најавува рок од три месеци во кои картичките треба да стигнат до оваа категорија на граѓани. Аплицирањето за здравствените картички може да се направи или лично или преку матичниот лекар. Првоиздадената картичка ќе биде бесплатна за сите кои ќе аплицираат. И на пензионерите им дојде редот. По државната администрација и поголемите јавни претпријатија, сега пензинерите се следни за добивање на електронските здравствени картички. До крајот на 2012 година треба сите здравствени осигуреници...

Continue reading

penzioneri

Вратата на Месниот огранок од Горна Влашка маала е отворена за сите пензионери

Post Views: 10 Месниот огранок на  Здружението на пензионери од Горна Влашка маала е еден од поактивните во Охрид. Иако формиран на почетокот од оваа година пенизонерите од овој реон имаат донесено програма со многу активности. Неодамна пензионерите одржаа средба на која беа присутни и пензионери од соседните месни ограноци од Видобишта и Васил Главинов. Присутни беа над 130 пензионери кои беа запознаети со нашите планирани активности за да се подобри животот на  пензионерите, вели претседателот на Месниот огранок Горна Влашка Маала, Димче Стојкоски. „Се обидуваме на изнемоштените...

Continue reading

Gjorgi Trpcevski

Охридските пензионери бараат корекција на пензиите

Post Views: 4 Трпчески додаде дека усогласувањата на висината на пензиите го очекуваат отприлика во месец Октомври, но сеуште немаат сознанија колкаво ќе биде тоа поместување и што тоа ќе значи за пензионерите. Сепак се надеваат на што побрза корекција на пензиите, бидејќи животните трошоци им се зголемиле од последното корегирање на висината на пензиите. „Тоа беше минатата година, но беше многу симболично, многу мало околу 2-3% оваа година очекуваме да биде барем малку повисоко, околу 3 можеби над 3. Па да видиме сега реков да не преудицираме затоа што статистикава треба да го каже...

Continue reading

lokacija

Пензионерски дом заглави во бирократски процедури

Post Views: 0 Во бирократските лавиринти се заглави одлуката за изградба на пензионерски дом. Измина повеќе од една година од кога е донесена одлуката на охридскиот Совет за да се изгради ваков дом во Охрид, во близина на хотелот Магнус. Подготвена е планска урбанситичка документација, а се знае и површината  на која се предвидува да се подигне ваквиот објект која е  8000 м квадратни. Градоначалникот Александар Петрески вели сега на потег е Министерството за транспорт и врски. „Ние испративме до министерството извод од планската документација и чекаме одговор од  одлуката. Секојдневно...

Continue reading

pehar

Охридските пензионери најдобри на републичкиот натпревар

Post Views: 0 Пензионерите од општините Охрид и Дебрца со фантастични резултати од републичките спортски натпревари за пензионери. Организаторите на републичкиот натпревар изненадени, но од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца велат дека резултатите се очекувани со оглед на големиот труд кој сите пензионери го вложиле во припремите. Тие своите полици ги закитија со два пехари од кои едниот останува кај нив, а другиот е преоден пехар. Стрелаштво, шах, домино, тргање на јаже, трчање на 60 метри, се само дел од дисциплините во кои активно учествуваа нашите пензионери. „На овие...

Continue reading

Penzioneri

Отворени вратите за странските пензионери во охридското здружение

Post Views: 2 Пензионери повратници од Австралија, Канада и западно европските земји заинтерсирани да членуваат во Здружението на пензионери на општините Охрид Дебрца. Од скоро Здружението направи измени во статутот, по одлуката на Владата, странските пензии  да се примаат и во земјава, вели Ѓорѓи Трпчески, претседателот на ова здружение. Извршниот одбор на здружението донесе одлука сите заинтересирани пензионери повратници од странство да ги прифатат и да ги користат сите бенефиции како и домашните. Нашите пензионери, пак најмногу се заинтересирани за набавка на огревно дрво на...

Continue reading

penzioneri

Пензионерите на натпревар

Post Views: 0 Пензионерите од Охрид и Дебрца си ги одмерија силите во неколку спортски и забавни дисциплини. Шеснаесетиот по ред спортски пензионерски натпревар се одржа на полигонот за мали спортови. Општинскиот натпревар за отворен го означи градоначалникот Петрески кој низ солзи емотивно се обрати до присутните пензионери и натпреварувачи. „Се она што е досега изградено е од вас изградено“ им рече Петрески. Имено ова општинско пензионерско натпреварување од општините Охрид и Дебрца е едно од најмасовните во земјава. „Околу 100 натпреварувачи во 11 спортски дисциплини, не само...

Continue reading

zdruzenie na penzioneri

Успешна година за охридските пензионери

Post Views: 4 Реализиран голем дел од зацртаните проекти од здружението на пензионери.За првпат оваа година преземени се соодветни чекори за донесување на стратегија за старите лица. Оваа стратегија е донесена од страна на Министерството за труд и социјална политика и се однесува на периодот 2010-2019г. Вметнати се сите проблеми со кои се соочува оваа популација. Исто така, донесен е и законот за формирање на здружение, како и проект за изградба на дом за стари лица и пензионери, кој е поткрепен со решение од Советот на локалната самоуправа. Пензионерите се задоволни што пензиите...

Continue reading

Пензионери од Пустец го посетија Охрид

Post Views: 0 Она што за нас е малку, за некој е многу. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, се понуди за помош на Пустец во делот на инфраструктурата. Петрески тоа го направи во рамките на посетата на голема група пензионери од Пустец, Р.Албанија, кои денес беа на прошетка низ Охрид. Градоначалникот потенцира дека иако економската криза е надвисната насекаде во државава, малку од малку можат да одвојат средства од буџетот на локалната за подобрување на условите за живот на македонците во Пустец. Градоначалникот на општина Пустец, Едмунд Темелко, рече дека во Охрид се...

Continue reading

лого

248 пензионери од Охрид ќе извисат во новата година

Post Views: 2 Одредена бројка на пензионери од Охрид и Дебарца, кои немаат трансакциони сметки, по нова година не ќе можат да ја подигнат својата пензија. Околу 248 пензионери од Охрид, најверојатно ќе останат без своите пензии во новата година. Имено станува збор за одлуката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, заклучно се денешниот ден, сите корисници на пензии да извадат трансакциони сметки. Доколку не ја исполнат оваа законска обврска, по 1ви јануари 2010 год. нема да постои можност да им биде извршена исплата на пензијата во готово. Проблемите кои се јавија на почетокот...

Continue reading

Охридските пензионери не заинтересирани за „набана“

Post Views: 27 Бесплатната седумдневна бањска рекреација  со 6 полни пансиони, бањска терапија, еден здравствен преглед и трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење до бањата не се привлечни за охридските пензионери. Најчесто нивно објаснување е дека немаат потреба од бањско лекување.Слаба е заинтерсираноста на   пензионерите  да користат бањско лекување потврдуваат и од здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Симон Јаковлев секретар на Здружението појаснува дека тоа  се должи на  два клучни фактори,  нискиот животен стандард и хроничните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top