Ознака: пензионери

logo

Работилница на ФЗОМ за охридските пензионери

Post Views: 7 На 22.04.2014 година,(вторник), во клубот на пензионерите во Охрид, директорката на ФЗОМ, Маја Паранарџиева-Змејкова ќе одржи работилница наменета за едукација на пензионерите, во однос на нивните права од здравствено осигурување,како и запознавањето со определени здравствени програми кои ги финансира ФЗОМ. Едукативните работилници, согласно претходно утврдена агенда, Фондот ги организира во соработка со Сојузот на здруженија на пензионери и со Црвениот крст на Македонија. Овие едукативни работилници имаат за цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите...

Continue reading

penzioneri

Пензионерите и општина Охрид потпишаа Меморандум за соработка

Post Views: 16 Охридските пензионери  и Локалната самоуправа потпишаа меморандум за соработка. Листата на потреби и барања на пензионерите од Охрид и Дебрца е долга. Има голем број прашања кои треба да се решаваат  за да се подбри живеачката на оваа категорија граѓани. На тоа треба да се работи заедно со општествената заедница, вели претседателот на здружението Ѓорѓи Трпчески. Меѓу горливите прашања едно од  најприоритените кое се надеваат да се реши е  изградба на пензионерски дом. Пензионерите покажуваат голем интерес кога ќе биде изгрдеба една ваква институција, вели Трпчески....

Continue reading

trpceski

Годишно собрание на охридските пензионери

Post Views: 3 Денес, Здружението на пензионери на општиите Охрид и Дебрца, ја одржаа 8 та годишна седница на Собранието. Претседателот на Здружението Ѓорѓи Трпчески, во своет излагање пред медиумите нагласи дека годинава се соочуваат со еден сериозен проблем од финансиска природа. „На жалост, буџетот нас ни е скромен некаде околу 2800 денари кои што средства ги добиваме исклучиво од чланарината. Но, имаме навистина една непријатна состојба сметката ни е блокирана и мислам дека ќе имаме потешкотии во тој однос неосновано сме тужени од колегите инвалидски пензионери, кои не тужеа тоа...

Continue reading

memorandum penzioneri

Здруженијата на пензионери од повеќе градови потпишаа меморандум за соработка и играа шах

Post Views: 13 Пензионерите од Охрид, Дебрца, Струга, Кичево, Ресен и Демир Хисар денес одржаа еден турнир во шах за мажи и жени. Тие си ги одмеруваа силите во овој древен спорт во чест на големиот христијански празник, „Свети Климент Охридски-Чудотворец“. Учесниците на турнирот добија признанија, како и благодарници за здруженијата на пензионери за учество во турнирот, додека екипите за освоени први,  втори и трети места ќе добијат дипломи и пофалници. Воедно здруженијата на пензионери потпишаа и меморандум за меѓусебна соработка. Пензионерите денес беа посетени и од страна на заменик-градоначалникот...

Continue reading

origami

Хумана оригами работилница

Post Views: 0 Младите охриѓанчиња ја развиваат креативноста и меморијата преку оригами работилници. Од неодамна во просториите на Црвениот крст од Охрид дечињата почнаа да се запознаваат со оваа древна јапонска вештина. За нив, ништо не е тешко да се изработи доколу се сака, но секоја фигура велат дека си има своја специфика. Покрај дружбата, работилниците воедно ја поттикнуваат и всадуваат хуманоста како човечка вредност кај најмалите. „Интересно е, се забавуваме, се релаксираме, изработуваме различни фигури кои понатака ќе ги продаваме за да помогнеме на децата кои се беспомошни,...

Continue reading

penzioneri

Свечена седница по повод денот на пензионерите

Post Views: 1 Охридските пензионери го одбележаа Денот на пензионерите. Воедно пензионерите на ниво на земјава годинава ја одбележуваат 67 годишнината од постоењето. Претседателот на здружението Ѓорѓи Трпчески на денешната свечена седница ја истакна состојбата и стандардот на нивната популација, во повеќе сфери од општественото живеење. „Кога направивме еден барометар да видиме вработени и пензионери тука сме многу блиску, не има колку што се вработени на ниво на општинава толку има и пензионери. Ние како здружение имајќи ги во предвид овие состојби сепак на социјален план се ангажираме...

Continue reading

drva

Пензионерите нема да oстанат без дрва

Post Views: 10 Огревното дрво и оваа сезона им создава главоболка на дел од охридските пензионерите. Претседателот на здружението Ѓорги Трпчески,  вели дека и покрај некоректниот однос на одговорните од ЈП Македонски Шуми кои го прекинале договорот за снабдување на огревно дрво со Здружението на пензионери на Охрид, сепак сите пензионери кои се запишани на списокот ќе ги добијат дрвата до крајот на септември. „Немаме денар долг кон ЈП Македонски Шуми, нека го слушнат ова не должиме, бидејќи вршеа притисок не направивме наше внатрешно да помогнеме. Ние немаме некоја залиха однапред...

Continue reading

penzioneri

Голем успех на охридските пензионери

Post Views: 4 Охридските пензионери и годинава обелија образ. Тие на 18 тата Пензионерска спортска олимпијада која се одржа во Штип, по трет пат станаа републички шампиони освојувајќи го првото место. Постигнаа врвни резултати, и во Охрид се вратија со бројни медали. Тимот на пензионери од Охрид кој брои 50 спортисти бил најброен на олимпијадата, потенцира претседателот Ѓорги Трпчевски. Тој додава дека се натпреварувале во 11 дисциплини. „Во овие натпревари нашето здружение навистина нашите спортисти постигнаа завидни резултати, благодарение повеќе на женскиот пол кои постигнаа подобри...

Continue reading

дрва

ЈП„Галичица“ располага со доволни количини огревно дрво

Post Views: 13 ЈП „ Галичица“  располага со доволни количини огревно дрво. Во стовариштето  на подружницата на Галичица, Македoнски шуми во моментов има за продажба околу 6000 метри просторно дрво, информираат од јавното претпријатие. Од нив 4500 се бука и 1500 просторни метри даб, напоменува в.директорот на ЈП Галичица, Зоран Неданоски.  Тој додава дека од 1 септември  интересот  на граѓаните за купување на огревно дрво се зголемува. „ Имаме доволни количини и нема опасност месното население да биде снабдено со огревно дрво. Покрај тоа што имаме доволни количини дрво во стовариштето...

Continue reading

Струшките пензионери бараат дом за стари лица

Post Views: 2 Струшките пензионери бараат достоинствен Дом за стари лица. Имаат право на користење врз  два објекти,  кои  пред две децении биле  Пензионерски  домови, за денес   да немаат ниеден. Луѓето во третото доба во регионот  се оставени сами на себе. Голем дел од нив немаат кој да ги згрижи, да им зготви, да им пазари, па и да ги подружи.    „Да обезбедиме за овој дел од популацијата мислам на пензионерите да можат остатокот од животот да го дожиевеат  на еден пристоен начин. Во тие одмаралишта присутни беа пензионери од цела Македонија , вели  Милорад Трпоски претседател...

Continue reading

revija folklor

Пензионерите со песна од Охрид упатија позитивна енергија

Post Views: 0 Пензионерите од југозападниот регион запеаа и заиграа учествувајќи на 11 -тата ревија на песни, музика и игри. Домаќин на средбата  беше Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Охридските пензионери настапија со сплет на староградски игри и песни од Сараиште. Општина Дебрца се престави со звуците на гајдата и женско трио.  Пензионерите од 4-от југозападен регион упатија позитивна енергија преку песни и игри. Како главен мотив за учество на смотрите  ја посочуваат желбата за дружење.11-тата ревија на песни, музика и игри ја  прогласи за отворена  претседателката...

Continue reading

penzioneri

Охридското Здружение на пензионери работи успешно

Post Views: 6 Охридското Здружение на пензионери успешно ја заврши минатата година. На денешната Седница на здружението која е пета по ред, а прва во оваа година беше усвоена завршната сметка за 2012 год, а се донесе и програмата за работа за 2013.Mаринела Jовановиќ, претседателката на Собранието на Здружението на пензионери-Охрид, вели дека се задоволни од домакинското работење на здружението. Ова здружение минатата година беше успешно на спортски и културен план. Тоа го освои преодниот пехар на 17тиот републички спортски натпревар на пензионери кој се одржа во скопје, а неговите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top