Струшките пензионери бараат дом за стари лица

Луѓето во третото доба во регионот, кои немаат некој близок да се грижи за нив,  се оставени сами на себе. Струшките пензионери немаат дом за стари лица. Бараат да им бидат вратени во владение преку Сојуз на пензионери два сместувачки објекти кои во минатото се користеле за потребите на пензионерите.

 |  Соња Рилковска  | 


Струшките пензионери бараат достоинствен Дом за стари лица. Имаат право на користење врз  два објекти,  кои  пред две децении биле  Пензионерски  домови, за денес   да немаат ниеден.
Луѓето во третото доба во регионот  се оставени сами на себе. Голем дел од нив немаат кој да ги згрижи, да им зготви, да им пазари, па и да ги подружи.  

 „Да обезбедиме за овој дел од популацијата мислам на пензионерите да можат остатокот од животот да го дожиевеат  на еден пристоен начин. Во тие одмаралишта присутни беа пензионери од цела Македонија , вели  Милорад Трпоски претседател на Здружението на пензионери од Струга.

Хотелот „Плажа“ има капацитет од 30 соби, а   хотелот „ Галеб“   80. И двата се изградени од ПИОМ за потребите на пензионерите. Според имотниот лист  објектите се во сопственост на Република Македонија со корисничко право на Здружението на пензионери,  но во реалноста со нив  стопанисуваат приватни лица.

„Сега работаат таму Друштво со ограничена одговорност,   поправо и не работаат сега незванично секој си брка бизнис некој има угостителски објект  некој друго. Објектите стојат затворени. Штета е навистина направена на пензионерите од овој регион“, додава Трпоски.

Струшките пензионери, 4 400  на број ,   бараат министерството за труд и социјална политика и Сојузот на пензионери  да преземат мерки за  да  им се вратат во владение објектите на брегот на Охридското езеро, во нив да се сместат старите лица. Со оглед на тоа штто во регионот нема ниту еден Старечки дом кон ова барање им се придружија и здруженијата на пензионери од  Лабуништа, Дебар, Вевчани, Октиси. Кичево и Македонски брод.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top