Пензионерите со песна од Охрид упатија позитивна енергија

Пензионерите од југозападниот регион запеаа и заиграа учествувајќи на 11-тата ревија на песни, музика и игри.

 |  Валентина Неловска  | 
revija folklor
revija folklor

Пензионерите од југозападниот регион запеаа и заиграа учествувајќи на 11 -тата ревија на песни, музика и игри. Домаќин на средбата  беше Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Охридските пензионери настапија со сплет на староградски игри и песни од Сараиште. Општина Дебрца се престави со звуците на гајдата и женско трио.  Пензионерите од 4-от југозападен регион упатија позитивна енергија преку песни и игри. Како главен мотив за учество на смотрите  ја посочуваат желбата за дружење.
revija folklor
11-тата ревија на песни, музика и игри ја  прогласи за отворена  претседателката на општинскиот совет д-р Гордана Коњановска. Претседателката при тоа им посака на пезнионерите добро здравје и ведар дух во негувањето на традиционалниот фолклор.

Охрид по втор пат е домаќин на регионалната ревија од 4-тот  југозападен регион. Денес во Охрид гостуваа над 400 пезнионери од 10 македонски градови, а допатуваа и пензионери од Врање, Србија и Поградец, Албанија.

„ Со староградската музика и охридскиот мелос со кој се преставивме сме задоволни. Покажавме дека не сме заборавиле да пееме, играме и да се веселиме“, реча Трпчески.

Иако, регионалната  ревија нема натпреварувачки карактер, сепак најдобрите фолклорни групи ќе бидат избрани да учествуваат на републичката ревија во Скопје која ќе се одржи на почетокот од месец јуни. Пензионерските здруженија кои ќе бидат најдобри пак,  во Скопје ќе отпатуваат на меѓународни пезнионрески средби во Љубљана, Словенија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top