ЈП„Галичица“ располага со доволни количини огревно дрво

ЈП „ Галичица“  располага со доволни количини огревно дрво.

Во стовариштето  на подружницата на Галичица, Македoнски шуми во моментов има за продажба околу 6000 метри просторно дрво, информираат од јавното претпријатие. Од нив 4500 се бука и 1500 просторни метри даб, напоменува в.директорот на ЈП Галичица, Зоран Неданоски.  Тој додава дека од 1 септември  интересот  на граѓаните за купување на огревно дрво се зголемува.

„ Имаме доволни количини и нема опасност месното население да биде снабдено со огревно дрво. Покрај тоа што имаме доволни количини дрво во стовариштето има и околу 7000 просторни метри дрво во шума. Се надеваме дека до крајот на годината и оваа количин ќе ја донесеме во стовариштето и ќе го реализираме годишниот план на претпријатието“.
дрва
Потребите на населението во Охрид од огревно дрво се движат од 20-25.000 просторни метри. Месното население со дрва за огрев се снабдува  од нашето  стовариште, но и од приватни забрани и стоваришта, вели Неданоски. Ние им одобруваме плаќање на  синдикалните организации и физички лица на шест месечни рати. Ваков договор имале склучено и со Клубот на пензионери од Охрид, но во меѓувреме го раскинале, вели Неданоски.

„ Договорот беше  за испорака на  7000 просторни метри даб и 2000 бука,  но го раскинавме заради неплаќање на ратите.  Испорачавме само 1586 просторни метри даб и 443 просторни метри бука“, укажува Неданоски.

Во моментов  од јавното претпријатие „ Галичица“ имаат испораки на огревно дрво и за скопските пензионери.
Цената на огревното дрво е непроменета  од минатата година и се движи:
прва класа даб 2453,22 денари и  2370,62 денари за бука, а втора класа 1850,50 денари без разлика  на видот на огревното дрво.

Помала колчина слободни просторни метри огревно дрво од охридската подружница се извезуваат и во соседна Грција и тоа околу 1000 просторни метри огревно дрво, информира Неданоски.

{loadposition content9}

 |  Валентина Неловска  | 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top