Голем успех на охридските пензионери

Охридските пензионери по трет пат државни прваци на Пензионерската спортска олимпијада. Нивниот потврден успех се должи на големиот ентузијазам кој владее кај нив и желба да се спортува во поодмината возраст, со цел да се одржат во кондиција, а резултатите сами по себе доаѓаат.

 |  Николоска Биљана  | 
penzioneri
пензионери

penzioneriОхридските пензионери и годинава обелија образ. Тие на 18 тата Пензионерска спортска олимпијада која се одржа во Штип, по трет пат станаа републички шампиони освојувајќи го првото место. Постигнаа врвни резултати, и во Охрид се вратија со бројни медали. Тимот на пензионери од Охрид кој брои 50 спортисти бил најброен на олимпијадата, потенцира претседателот Ѓорги Трпчевски. Тој додава дека се натпреварувале во 11 дисциплини.

„Во овие натпревари нашето здружение навистина нашите спортисти постигнаа завидни резултати, благодарение повеќе на женскиот пол кои постигнаа подобри резултати имаме освоено 4 златни медали 5 сребрени и 1 бронзена“.

Резултатите и постигнатиот успех на пензионерската олимпијада ги соопшти Ристо Трајкоски, претседател на комисијата за спортски активности. „Нашите беа солидни во повеќето дисциплини и со освоени вкупно 116 бода, ја зацврстивме првата позиција.

„Учесничките во дисциплината стрелаштво со воздушна пушка, повеќе години по ред се најквалитетни прваци во Македонија, во машка и женска категорија, трчањето, атлетскиот дел исто така сме одлични, посебно женскиот дел каде што трчањето на 60 метра е секогаш обезбедено за Охрид“.

penzioneriНашите пензионери на олимпијадата биле единствениот клуб во чиишто редови имало и доктор. Неговото присуство е од голема важност, сметаат тие, посебно што се работи за категорија на  луѓе каде повредите лесно може да се случат. Д-р. Димитар Спасески ги пофали пензионерите, рече, добро се држат и очигледно е дека кај нив преовладува спортскиот дух како да се наоѓаат на светско првенство.

„Секако дека при секое такмичење има дел и на повреди. Ние интервениравме во три наврати кај лесно телесни повреди кои не оставаат последици, терените беа такви малку тревнати па имаше лизгање и паѓање но се заврши добро. Ќе настојуваме барем во границите на можностите пензионерите да ги заштитиме барем од прва помош“.

Сепак, заедничка порака на нашите успешни супер бабички и дедовци е дека нивното претставување на градот треба да биде мотив за младите генерации здраво да живеат и постигнуваат што подобри успеси во текот на својот живот. Пензионерите спортисти очекуваат средба со охридскиот градоначалник Никола Бакрачески за да му се пофалат со резултатот со кој се гордеат.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top