248 пензионери од Охрид ќе извисат во новата година

Одредена бројка на пензионери од Охрид и Дебарца, кои немаат трансакциони сметки, по нова година не ќе можат да ја подигнат својата пензија.

лого
лого

Одредена бројка на пензионери од Охрид и Дебарца, кои немаат трансакциони сметки, по нова година не ќе можат да ја подигнат својата пензија.

Околу 248 пензионери од Охрид, најверојатно ќе останат без своите пензии во новата година. Имено станува збор за одлуката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, заклучно се денешниот ден, сите корисници на пензии да извадат трансакциони сметки. Доколку не ја исполнат оваа законска обврска, по 1ви јануари 2010 год. нема да постои можност да им биде извршена исплата на пензијата во готово. Проблемите кои се јавија на почетокот со доставата на пензиите на домашна адреса е надминат со тоа што на околу 150 000 пензионери во РМ им се отворени сметки во Поштенска Банка. Останатите корисници, веќе имаат отворено трансакциони сметки во останатите банки, вели Ѓорѓи Трпчески, претседател на здружението на пензионери од Охрид, кој денешната средба со новинарите ја искористи да упати апел до оние лица кои досега не ја исполниле оваа обврска, тоа да го направат во најкус рок.         „Затоа сакаме да ги информираме корисниците на пензии, покрај што тоа го правиме преку месните ограноци, и преку информативните средства да знаат за што се работи. Некаде околу 75 пензионери од Охрид, од вкупната бројка се жители на руралните средини, а 30 тина се инвалидски пензионери“, вели Ѓорѓи Трпчески, претседател на здружението на пензионери од Охрид.

Трпчески, исто така апелираше и до лицата кои се блиски на оние кои се уште не извадиле трансакциони сметки, или пак самите поштари да им помогнат на пензионерите во исполнувањето на оваа обврска. Исто така како проблем со кој се соочуваат како здружение во последниов период, се честите поплаки од страна на корисниците на пензии кои се жалат дека примањата им се намалени. „Тие се жалат дека пензијата им е намалена.  Не се работи за тоа дека таа е намалена, туку станува збор за разликата од месец јуни, која со усогласувањето на пензиите, беше исплатена во месец септември. Со наредната исплата настана тој проблем, бид. корисниците очекуваа иста сума“, вели Трпчески.
Во нашата замја има околу 280 000 пензионери, кои
со новата пракса на користење на трансакциони сметки,  ќе се соочат со уште еден проблем. “Имено заостанатите долгови за неплатени тековни сметки, ќе им бидат повлекувани токму преку овие сметки, па и така ниските пензии ќе им станат уште покуси“, вели Трпчески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top