Пензионерски дом заглави во бирократски процедури

Измина повеќе од една година од кога е донесена одлуката на охридскиот Совет за да се изгради ваков дом во Охрид, во близина на хотелот Магнус.

 |  Валентина Нелоска  | 
lokacija
lokacija

Во бирократските лавиринти се заглави одлуката за изградба на пензионерски дом. Измина повеќе од една година од кога е донесена одлуката на охридскиот Совет за да се изгради ваков дом во Охрид, во близина на хотелот Магнус.
Подготвена е планска урбанситичка документација, а се знае и површината  на која се предвидува да се подигне ваквиот објект која е  8000 м квадратни. Градоначалникот Александар Петрески вели сега на потег е Министерството за транспорт и врски.

„Ние испративме до министерството извод од планската документација и чекаме одговор од  одлуката. Секојдневно излегуваат објави за продадено земјиште во градовите, но никако да излезе и за нашето. За да стартуваме со градба треба да имаме сопственост врз градежното земјиште, а се зависи од тоа дали Министерството ќе ни го префрли на користење на подолг период или ќе ни го префрли во сопственост.“ вели Петрески.
„Дали ние ќе се јавиме како инвеститрои или пак ќе се јават и други приватни компании од кои има голем интерес, зависи од одлуката на Министерството“. -додава Градоначалникот.
penzioneriИ додека не пресече ресорното министерство неизвесно останува  кој ќе го гради домот, а разврска треба да се добие со одлуката за  тоа каков статус ќе избере министерство во однос на државното градежно земјиште.  
Доколку падне  одлуката  земјиштето да се отстапи на користење на општината, изградбата на домот ќе стартува веднаш, вели Петрески.  

Интересот за изградба на Дом за пензионери е приоритет и на Локалната самоуправа ,  но и на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Охрид ваков објект нема, а со својата атрактивност и клима е посакувано место за живеење и на пензионерите од регионот , но и од странство нагласуваат градоначалникот Александар Петрески и претседателот на пензионерското здружение Ѓорѓи Трпечски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top