Ознака: општинскиот

Над 650 милиони денари изнесува општинскиот буџет за следната година

Post Views: 16 Во висина од над 652 милиони денари се усвои буџетот на општина Охрид за 2022 година. Градските советници го донесоа буџетот со 15 гласа за и 6 воздржани. За советниците од позицијата ова е буџет кој нема да креира загуби, додека опозицијата смета дека има помалку средства за капитални трошоци.  Помалку пари ќе има за изградба и асфалтирање на улици, изградба на системи за атмосферска и фекална канализација, помалку средства за студенски стипендии, за јавната чистота и реконструкција на паркови и зеленило, напоменуваат од опозцијата. Ние не поднесовме амандмани и не ...

Continue reading

Општинскиот кризен штаб два дена е на терен

Post Views: 1 Општинскиот кризен штаб веќе два дена е на терен и во постојана комуникација со граѓаните на Охрид. Посетени се местата кои граѓаните ги пријавиле од терен. Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека поради интензивата сеизмичка активност, општинскиот кризен штаб, има потреба од стручна помош и експертско мислење ги донел двете најрелевантни институции во РМ ИЗИИС и Сеизмолошката опсерваторија про ПМФ, кои требаше да дадат свое видување и свои препораки за справување со вакви состојби. Градоначалникот посочи дека направен е увид на сите оние градби каде е констатирано...

Continue reading

Општинскиот пазарен инспекторат ги чешлаше вилите во градов

Post Views: 5 Општинскиот пазарен инспекторат во координирана акција со Државниот пазарен инспекторат и со туристичките инспектори од Локланата самоуправа, ги чешлаа вилите во градов. Проверуваа дали во согласност со нивната категоризацијата поседуваат решение за работа. Контролирани биле преку 60 субјекти на територијата на Општина Охрид и тоа во Велестово во Коњско и Рача. Оваа акција била на иницијатива на ХОТАМ бидејќи ваквите приватни субјекти кои го прекршуваат законот преставуваат нелојална конкуренција за хотелите. Тие сите поседуваат решение за категоризација меѓутоа на лице...

Continue reading

Вози одговорно порачуваат од Општинскиот Совет за безбедност

Post Views: 0 Вози одговорно! Животот е во твои раце. Општинскиот Совет за безбедност ги започнува своите активности, во пресрет на летната туристичка сезона со цел превентивно да се влијае врз сите категории на учесници во сообраќајот. Стефан Димоски претседателот на Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот појаснува дека овој проект е насочен пред се за пешаците, велосипедистите, моторциклистите и возачите, со цел да се подигне нивото на свеста и одговорното учество во сообраќајот. „Пред се сакаме на овој потег на почетокот на магистралниот пат кон Кичево каде што имаме и...

Continue reading

Општинскиот комитет на Вмро Дпмне упати проглас до охриѓани

Post Views: 2 Општинскиот комитет  на Вмро Дпмне упати проглас до охриѓани. Пред стотина членови на партијата и пратениците кои се собраа пред платото на партиското седиште, со патриотски песни и скандирања, претседателот на ОК на Вмро Дпмне упати проглас до охриѓани. Прогласот следува по обајвувањето на СДСМ дека постигна договр со ДУИ за формирање Влада.   „Да го кренеме гласот, да кажеме ова вака веќе  не може. Ние како граѓани нема да дозволиме на нашата  држава    разнебитување, федерализација и други тајни работи кои ги прави СДСМ и албанските партии“, кажа Арнаудов Ние го креваме...

Continue reading

До општинскиот црвен крст се повеќе охриѓани бараат помош да се прехранат

Post Views: 1 Општинската организација на Црвен крст со својата мрежа на волонтери и организираност успева да им помогне на многу охриѓани  во социјален ризик. Органзирани се многу собирни акции и хуманитарни активности за да помогнат и спасат  животи. Охриѓани се обраќаат за различни видови помош, информира Претседателот  на ЦК Охрид Сашо Точков.  „Најголем број е да се прехранат. Имаат потреба и од здравствени проблеми. Им  требаат лекови, за здравствени интервенции и голем број на луѓе кои немаат основни услови за живот, како што се дом, куќа, струја, вода“, набројува Точков.  Во ...

Continue reading

Помалку пари од општинскиот буџет и за детска заштита

Post Views: 1 Помалку средства од буџетот и за програмата за детска заштита за наредниве две години, обвинуваат советниците од опозицијата во Градскиот Совет. Од локалната со став декапрограмата е изработена во насока од првиот ден на својот мандат оваа локална води грижа за условите за грижа на децата. За околу 300.000 денари е пониска финансиската рамка издвоена од буџетот на општината за периодот од 2017-2019 година, за детска заштита. Советниците од опозицијата со констатација дека повторно станува збор за едноставно пресликување на програмата од минатата година. Речиси за сите...

Continue reading

Општинскиот инспекторат издавал налози до ЈП Комуналец за подигање на шут и друг вид отпад

Post Views: 1 ЈП „Охридски комуналец“ има отворен месечен налог од општинскиот инспекторат за чистење на критични места. Инспекторатот  за оваа намена може да побара од ЈП Комуналец да подига и расчистува шут и други видови отпад во различни делови од градот и вон населените места. Досега претпријатието за градска чистота по налог на инепкортот постапувало на 23  критични точки, кажува портпаролот Томе  Џамтоски. „Ние имаме отворен месечен налог кон ЈП Комуналец и тие може да постапуваат повеќе пати дали по пријава од  комуналните редари или градежниот инспектор, од граѓани и правни...

Continue reading

Амбасадорот Џес Бејли во работна посета на Општинскиот комитет на Вмро Дпмне и Општинската изборна комисија во Охрид

Post Views: 2 Амбасадорот Бејли во Охрид се сретна  со првите луѓе на ОК на Вмро Дпмне и со Општинската изборна комисија. Посетата на ОК на Вмро Дпмне  беше на иницијатива на американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли , а при тоа оствари средба  со претседателот  на ОК Љубен Арнаудов и  пратеникот Сашо Василески.  По едночасовната  средба амбасадорот Бејли не даде изјава за медиумите, а  со изјава се огласи поранешниот пратеник Сашо Васиелвски  , кој при тоа истакна дека средбата резултира со единствена цел фер и кредибилни предвремени парламентарни избори. „На Македонија на ...

Continue reading

Промовирана монографијата 40 години од формирањето на општинскиот фудбалски сојуз и здруженеито на фудбалските судии во Охрид

Post Views: 4 Промовирана монографијата 40 години од формирањето на општинскиот фудбалски сојуз и здруженеито на фудбалските судии во Охрид. 4 децении  историја на фудбалскиот спорт во Охрид поместени на 350 страници, збогатени со многу фотографии. Денес беше промовирана монографијата  „40 години од формирањето на општинскиот фудбалски сојуз и здружението на фудбалските судии-судиска комисија, од перидот 1976 до 2016 година. Авторот на ова вредно дело е  долгогодишниот спортски работник во областа на фудбалот Димче Стојкоски Лепи. „Сите случувања, учества, работата  на клубот  во...

Continue reading

Пазарниот инспекторат заедно со општинскиот инспекторат и полицијата вршат засилени контроли

Post Views: 2 Пазарниот инспекторат заедно со општинскиот инспекторат и полицијата вршат засилени контроли  дали сопствениците на угостителските и трговските објекти имаат одобрение за поставување урбана опрема. Покрај што се контролирало во градов инспекторите го прочешлале и комплексот Св. Наум каде се затекнале голем број неправилности. Речиси целокупната урбана опрема била поставена без одобрение од Локалната. Затекнати се неправилности и сите се санкционирани. Изречена им е глоба од 200 евра но ако истата се плати во рок од осум дена тогаш се намалува сумата на пола. Сите прекршители...

Continue reading

Нејаснотии во надлежностите на општинскиот и државниот градежен инспекторат

Post Views: 0 Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, популарно наречен Закон за Охрид, кој требаше да стави крај на урбаното дивеење во градов,само им ги заплетка ингеренциите на инспекторите на локално и државно ниво. Иако поминаа 5 години откако овај закон беше донесен, градежните инспекторати сеуште си ја префрлаат топката од еден на друг. При тоа се повикуваат на членови од Законот за Охрид, но и од Законот за градење, а дополнително проблем е дали бесправниот објект е од прва или втора категорија. Сето ова резултира...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top