Општинскиот кризен штаб два дена е на терен

Наскоро треба да се одржи нов координативен состанок на кризниот штаб, на кој ќе учествуваат и претставници  од СВР, здравствените установи и црвениот крст од Охрид, на кој повторно ќе се проценува безбедносната состојба во градов, додека заменик градоначалникот Ангел Јанев, на состанокот јавно ги повика да присуствуваат и Министрите од Министерствата за Одбрана, внатрешни работи и труд и социјала.

 |   | 

Општинскиот кризен штаб веќе два дена е на терен и во постојана комуникација со граѓаните на Охрид. Посетени се местата кои граѓаните ги пријавиле од терен. Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека поради интензивата сеизмичка активност, општинскиот кризен штаб, има потреба од стручна помош и експертско мислење ги донел двете најрелевантни институции во РМ ИЗИИС и Сеизмолошката опсерваторија про ПМФ, кои требаше да дадат свое видување и свои препораки за справување со вакви состојби. Градоначалникот посочи дека направен е увид на сите оние градби каде е констатирано оштетување, и добиени се препораки за користење на тие објекти, без разлика дали станува збор за индивидуални куќи, станбени згради или други објекти.

„Ние направивме увид заедно со петте екипи на ИЗИИС на некаде околу стотина објекти посочени од општинскиот кризен штаб, посочени како најзагрозени. Досега беше да дадена само една препорака за времено избегнување на користење на еден објектите на детската градинка и тоа не од аспект дека тој објект може да биде срушен или сериозно оштетен, туку дека во понатамошните потреси може да дојде до доплнителни оштетувања на малтерот или предмети да паднат и може да повредат некое од децата“ вели Никола Бакрачески – Градоначалник на Охрид

Исто така според насоките и протоколите, направен е увид на здравствените установи, каде исто така не се констатирани оштетувања кои би довеле до препораки за преместување на пациенти и болнички персонал. Кога станува збор за приватните објекти за живеење, само дел од еден објект е окарактеризиран како небезбеден за живеење од страна на стручните штабови.

„Освен една препорака за куќа во стариот дел на градот да припразат на претежниот престој на горните спратови. И тоа беше се“ потенцира Никола Бакрачески – Градоначалник на Охрид.

Општинскиот кризен штаб и понатака е на терен и во координација со надлежните стручни служби и инстутции и ги следи нивните инструкции. Градоначалникот Бакрачески се надева на подобрување во координативните активности на Општина охрид со службите на ЦУК и ЦЗС, како и на присуство на нивни претставници на терен. И заменик градоначалникот Ангел Јанев, ја посочи потребата и поголема инволвираност на сите инстутции за справување со прашање кое ја засега безбедноста на граѓани на нашата земја.

„Ова не е локално прашање, градско прашање, ова е безбедносно прашање на РМ се работи за безбедност на граѓани на репубилка Македонија“ апелира Ангел јанев – Заменик Градоначалник на Општина Охрид.

Наскоро треба да се одржи нов координативен состанок на кризниот штаб, на кој ќе учествуваат и претставници од СВР, здравствените установи и црвениот крст од Охрид, на кој повторно ќе се проценува безбедносната состојба во градов, а најавено и присуството на раководителот на регионалниот ЦУК, додека заменик градоначалникот Ангел јанев, на состанокот јавно ги повика да присуствуваат и Министрите од Министерствата за Одбрана, внатрешни работи и труд и социјала.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top