Ознака: општинскиот

most na zelbite

Најавено па одложено рушењето на „Мостот на желбите“

Post Views: 4 „Мостот на желбите“ се спаси, но до наесен. Среде туристичка сезона денес беше  најавено па одложено неговото рушење. Утрово 50 -тина  жители  од Канео и стар град со жив штит се спротиставија на решението на општинскиот инспекторат да го срушат мостот. Еден од жителите кој се спротистави на рушењето  е и Величе Велјаноски. Тој вели со оваа одлука  се руши нивниот сон Канео да биде поврзан со градот и да не мора да ја искачуваат  500 метарската стрмна нагорнина. Сега кога годините натежнаа и ни е ограничено движењето низ стар град со режимот за сообраќај оваа  одлука...

Continue reading

plaza

Охридските плажи под будното око на општинскиот инспекторат

Post Views: 6   Ќе се стави ли ред на охридските плажи. Од општинскиот инспекторат велат дека минатото лето ретко кој концесионер го испочитувал правилото на плажата да има најмалку 40% слободен простор каде гостите ќе можат слободно да си постават свои реквизити и да не плаќаат за тоа, а наспроти тоа плажите биле преплавени со лежалки  што предизвикувало голем револт кај посетителите. Милески вели дека ќе се контролира дали концесионерите се придржуваат  на проектот кој им бил одобрен од страна на општината, дали објектите на плажите се во дозволениот габарит, дали на плажата се...

Continue reading

saraiste

Кој треба да ги отстрани кајчињата од Сараиште?

Post Views: 2 Плажата на најубавото место на Охридското крајбрежје, Сараиште, во лето узурпирана од кајчиња. Малку простор останува туристите да постават пешкир и да уживаат во топлото летно сонце и местоположбата што го нуди ова место. Мештаните од Сараиште речиси секоја летна сезона укажуваат на овој проблем и сметаат дека ваквата слика е срам за туризмот на општина Охрид и оти Локалната самоуправа треба сериозно да пристапи кон решение на проблемот. Старата добра практика, топката за вината да се префрла од една на друга страна и во овој случај не изостана. Од општинскиот комунален...

Continue reading

kiosk

Хаварисаните возила, камп приколки и киосци да се тргнат од улиците

Post Views: 3 Хаварисани возила, стари камп приколки, киосци, кајчиња, претставуваат грд декор во дворното место  на неколку приватни локации во Охрид. Станува збор за објекти за кои  години наназад никој нема преземено никакви мерки за нивно отстранување.  Согласно Законот за јавна чистота и одлуката за комунален ред, општинскиот комунален инспекторат е задолжен да ги санкционира сопствениците на ваквите објекти кои не водат грижа за нив. Обраснати со трева, искршени, оставени на забот на времето, а некои од нив претставуваат и извор на зараза и собиралиште на змии и други штетници....

Continue reading

otpadoci

Кој затаи во спроведувањето на Законот за јавна чистота

Post Views: 11   Охриѓани како да подзаборавија да го почитуваат Законот за јавна чистота. Насекаде по градов повторно можат да се видат расфрлани отпушоци, гуми за џвакање, повторно се сечат дрва на јавна површина, се фрлаат отпадоци на улица се продава зеленчук на импровизирани тезги. –Хигиената не е на завидно ниво, се фрлат отпушоци насекаде, вели еден наш сограѓанин. -Криви сме и ние граѓаните ама и тие кои треба да го спроведуваат законот. Нека казнуваат па ќе видиме дали некој ќе фрла каде ќе му текне, вели друг. –Секој фрла каде ќе му текне, кај нас ништо не функционира,...

Continue reading

bilbord

Мистериозен сопственик подигнал два билборди во Парк

Post Views: 4 Два  билборди со огроми димензии од неодамна се поставени во комплексот Парк. Од општинскиот инспекторат тврдат дека тие се бесправно поставени и наскоро ќе бидат одстранети. За надлежните во инспекторатот  мистерија е кој ги поставил билбордите. „ Пред комплексот Парк општинскиот инспекторат утврди дека се поставени два огромни билборди кои се најверојатно поставени преку ноќ. Не можевме да го утврдиме сопственикот, a за таа цел инспекторатот има постапка. Доколку не може да се утврди кој е сопственик на билбордите градежниот инспектор во службен весник објавува постапка...

Continue reading

urbana oprema

Ова лето нема пченки и крофни на градскиот плоштад

Post Views: 11 Доколку летово ви се пријаде печена прченка или американски крофни ќе мора дома да си направите бидејќи надвор ќе нема каде да купите. Општинскиот инспекторат во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не предвиде локации за продажба на храна на отворен простор. Нема да може да се купи ниту скара по тротоарите како што тоа беше случај минатите лета. Подготвување и продажба на храна ќе може да се врши само во затворен простор кој ги задоволува сите стандарди за тоа. –Не е дозволено продавање храна по тротоари и на плоштад. Доколку се затекне таква...

Continue reading

stolici

Општинскиот комунален инспекторат во акција

Post Views: 0   200 столови и 50 угостителски маси беа подигнати при акцијата што ја спроведе Општинскиот комунален инспекторат. Ова следуваше поради непочитување од страна на голем дел од угостителите на одлуката која беше донесена уште во зимскиот период од Локалната, а со која сите беа обврзани да достават барања за поставување урбана опрема до Секторот за урбанизам најдоцна до 15 април оваа година. Од општинскиот инспекторат после овој рок спровеле акција и уште еднаш на терен ги опоменале сите кои немале доставено барања во рок од 15 дена да го направат тоа, но и покрај тоа голем...

Continue reading

ои

Општинскиот инспекторат ќе се сели од сегашната локација

Post Views: 0   30 -тина вработени од Општинскиот инспекторат наскоро ќе се селат од досегашната локација. Влезот пред инспекторатот  е запуштен и  нечист. Во моментов инспекторите работат во лоши услови без тоалети и  соодветен пристап за граѓаните.   „ Општинскиот инспекторат се наоѓаше во простории од ЈП „ Проаква“ кои пред 2 години биле извршени, а јавноста не била информирана за причините. Сега мора да се иселиме и да се сместиме во нови простории,“ кажува Милески.    Нови соодветни простори за работа во моментов се адаптираат во  јавното претпријатие „Градски пазар“. На оваа...

Continue reading

intervencija komunalec

„Комуналец“ интеревнираше во населбата „Крум Точко“

Post Views: 0 По налог на општинскиот инспекторат Ј.П.„Охридски Комуналец„ изврши расчистување на просторот во населбата „Крум Точко“, на потегот кај река Грашница, Лабино и станбените објекти во оваа населба. Просторот се  расчистуваше машински бидејќи беше обраснат со различни видови високи билки со трње, трева и депониран отпад. Целата вегетација е отстранета и просторот е расчистен. {loadposition content9}

Continue reading

Ohrid

Општината не побарала информации од државниот инспекторат за дивоградбите во Стар град

Post Views: 1 Успешна е соработката меѓу општинскиот и државниот градежен инспекторат, информира секретарот на Локалната самоуправа Димитар Спасески. Општинските градежни инспектори немаат надлежности врз територијата на градот опфатена со Законот на  Охрид. Но затоа пак имале добра соработка со колегите од државниот инспекторат и  за дивоградбите во стариот дел на Охрид усно ги известувале. Локалната самоуправа  нема евиденција во колку наврати  досега државните  инспектори излегле на терен во Охрид и постапиле по нивните дојави за дивоградбите. Но тоа не го попречува  секретарот...

Continue reading

dpmne kandidati

ДПМНЕ: „Разликата помеѓу нас и СДСМ е отчетноста“

Post Views: 9 Достигнувањата во областа на здравството во фокусот на денешната прес конференција на кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Љубен Арнаудов, еден од кандидатите како едно од најзначајните достигнувања во областа на здравството кои ги спровело ВМРО-ДПМНЕ го потенцираше проектот „Мој термин“ кој се користи во здравствените установи низ земјава, но акцент стави и на проектите за изградба и реконструкција на болници. Како еден од идните проекти од оваа област, Арнаудов го спомена и проектот за целосна реконструкција на специјалната болница „Свети Еразмо.“ Според Арнаудов,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top