Ознака: општинскиот

охрид

Странците побројни гости во Охрид

Post Views: 7 Туристичката сезона 2012 за охриѓани и не била така црна и неуспешна, покажуваат најновите обработени показатели од инспекцијата за туризам. Во  деветте месеци од оваа година Охрид го посетиле повеќе  туристи во однос на истиот период од минатата година.  Во 2011 година биле реализирани 427.000 ноќевања, додека во 2012 оваа бројка е 453.000. Мора да напоменеме дека за прв пат се среќаваме со зголемен број странски гости кои престојувале на охридското крајбрежје, вели раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски. „ Домашните  гости оствариле 171 .740 ноќевање,...

Continue reading

carsija

Угостители „диво“ поставувале маси и столици

Post Views: 3   И оваа туристичка сезона не помина без да се прекрши  програмата за поставување на урбана опрема. Инспекторите имале полни раце работа и напишале бројни пријави до сопствениците на угостителските објекти кои без дозвола сакале да профитираат и ова сезона со нелегално поставување маси и столици, нагласува Ана Николоска од одделението за комунална  такса. „ Со наплатата на средства нема проблем. Но има проблем со оние угостители кои немаат кај нас барање за издавање дозвола за поставување маси и столици. Поднесовме до општинскиот инспекторат извештај со фирмите кои извадиле...

Continue reading

bilbord

Искривен билборд

Post Views: 20 На булеварот Туристичка во близина на Пентекс, неколку дена надвиснува искривен билборд кој може да падне секој момент. Жителите од блиските куќи до билбордот, не сакаа да коментираат пред нашата камера, но предупредија дека местото е фрекфентно и од тука поминуваат и деца кои учат во О.У. Братство Единство, кое е во непосредна близина. Според нивните искази блибордот настрадал од патнички автобус, а тие  не забележале дека некој од надлежните излегол на терен да ја согледа фактичката состојба и да направи некаков записник. Одобренијата за поставување билборди ги дава...

Continue reading

dileri

Кој и како лови во матно?

Post Views: 3   Велосипед агенции. Ова е терминот кој охриѓани масовно го користат, а се однесува на мобилните посредници помеѓу приватните станоиздавачи и гостите. Ваквите дилери многу често се среќаваа по охридските улици и ова лето. Дeл од станоиздавачите со кои контактиравме а кои сакаа да останат анонимни велат дека им нанесуваат голема штета затоа што тие всушност ја дикрираат цената за сместување. Само за пример, ако по кревет станоиздавачите бараат 300 ден., посредниците бараат 350 од кои 50 денари се провизија за нив. Оваа појава им е добро позната на општинските инспектори.Раководителот...

Continue reading

ukica

Канализација се влева во езерото близу СВ. Софија

Post Views: 12 Фекалии пливаат по езерото, реагираат жителите на улицата „Коста Абраш“. Тие велат дека во близина на црквата Св. Софија во езерските води се влева канализација. Тоа ни го потврдија и од ЈП „Нискоградба“ од каде објаснуваат дека некои од домаќинствата не сакаат да се приклучат на канализационата мрежа и на колекторскиот систем кој на овој потег се направи пред две години. Од таму објаснуваат дека неможат ништо да сторат бидејќи дел од цевката која треба да се приклучи на најблиската шахта треба да помине низ дворно место што е приватна сопственост. Дејан Паноски, преставникот...

Continue reading

star grad

Секој може ама не руши

Post Views: 8 Сопствениците на дивоградбите и нелегално изградените поткровја во стариот дел на градот уште некое време можат да бидат  мирни. Иако уште пред две години наголемо се најавуваше нивно рушење од страна на Општинскиот инспекторат, тоа до ден денес не се случи. Додека локалната не се нафаќаше да руши поради немање пари, се случи Законот за Охрид.  Со стапувањето на сила на овој закон од пред една година рацете на локалците им се врзаа затоа што ингеренциите околу рушење во овој дел на градот од Општинскиот преминаа кај Државниот испекторат при Министерството за транспорт...

Continue reading

opstina

Реакции на обвинувањата за непотизам изнесени на пресот на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 0 Во препознатлив стил на популистичко и недемократско владеење вмро дпмне преку општинскиот комитет во Охрид со секојдневни прес конференции го дефокусира вниманието на јавноста од суровата реалност во која живеат граѓаните а за која е виновна нивната централна власт, вака започнува соопштението со кое од локалната самоуправа реагираат на  пресот на општинската ВМРО ДПМНЕ. – Во текот на владеењето на ВМРО- ДПМНЕ ,  во изминативе повеќе од 6 години , струјата двојно поскапе , двојно поскапеа и основните прехрамбени и други производи , земјоделците со субвенциите...

Continue reading

Ohridsko ezero

Пријави за загадувачите на езерото

Post Views: 10 Фрчат пријави против  загадувачите на езерото. Со несовесните  загадувачи се справуваат и Општинскиот инспекторат и  Државниот инспектор за животна средина. Државниот инпектор од лани овој период до денес, на охридско струшката ривиера  имал полни раце работа. Напишал 38 записници и  издал осумнаесет решенија со предупредувања за да се елиминираат загадувањата. Државниот инспектор укажува дека и правни лица и поединци се прекршители на законот за животна средина.  Тие  најчесто се огрешиле во законот со истурање боја со која ги бојадисувале чамците и со  прегорено масло...

Continue reading

bot

Спасители, лекар и психолог на охридските плажи

Post Views: 2  Охридските плажи ова лето ќе бидат побезбедни, ова го ветуваат од општинскиот Црвен крст кој се максимално подготвени да стартуваат во оваа туристичка сезона. Општинскиот Црвен крст има 208 лиценцирани спасители на вода, а наскоро ќе започне и обука на нови 40 -тина спасители, информира нејзиниот претседател Сашо Точков. На плажите ќе бидат ангажирани околу 100-тина од нив кои ќе се грижат капачите да бидат сигурни во езерските води. „За безбедноста на плажите се грижи самиот концесионер кој ќе ја повика службата или пак Капетанијата, односно Министерството за транспорт...

Continue reading

taxi

Таксистите на мета

Post Views: 7 Радикални мерки за нелиценцираните такси превозници. При редовна контрола на државниот и општинскиот инспекторат за патен сообраќај одземени се 7 авто такси возила, од кои 5 на релација Охрид-Струга и 2 на релација Охрид Битола. Државните инспектори при Министерството за транспорт и врски  ја потврдија оваа информација .Од општинскиот инспекторат кажаа дека имаат одлична соработка со државниот инспекторат за патен сообраќај. Раководителот Танас Танасоски согласен дека време било да се настапи со радикални мерки, поточно со одземање на возилото на не лиценцираните превозници...

Continue reading

sneg

Охриѓани се фатија за лопата

Post Views: 11 Снегот кој интензивно паѓаше во изминативе денови  во градот и околината не предизвика посеризони проблеми. Охрид  е еден од најчистите градови во земјава, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Граѓаните, сопствениците на деловните простори и службите на ЈП „Охридски Комуналец“ совесно го испочитуваа Законот за јавна чистота, вели Танасоски. „Задоволен сум во однос на дисциплината на граѓаните во расчистување на снегот пред своите домови и деловни простори. Комуналните редари и комуналниот инспектор секојдневно дежураат. Тие изрекле само  37...

Continue reading

soba

Слабо пари од туристичка такса

Post Views: 0 Хотелските соби полни, но пари од туристичка такса слабо. Охридксите хотелските капацитети за време на новогодишните празници работеле со 59 % искористеност. Овој податок е според најново извршените контроли на општинскиот инспекторат, кој деновиве ги сумира средствата прибрани од туристичка такса не само за празниците туку и за 2011 година. Раковоителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, вели дека има хотелски капацитети кои навистина работеле со полна пареа, но и такви кои кажуваат нереални податоци.Сумирани се податоците од исполнетост на туристичките капацитети...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top