Кој и како лови во матно?

Посредниците помеѓу приватните станоиздавачи и гостите или попознати како дилери и ова лето оперираа по охридските улици. Од Општинскиот инспекторат ветуваат дека наредното лето ќе нема ваква нелојална конкуренција.

 |  Јаковлева Лионела  | 
dileri
дилери

 

Велосипед агенции. Ова е терминот кој охриѓани масовно го користат, а се однесува на мобилните посредници помеѓу приватните станоиздавачи и гостите. Ваквите дилери многу често се среќаваа по охридските улици и ова лето. Дeл од станоиздавачите со кои контактиравме а кои сакаа да останат анонимни велат дека им нанесуваат голема штета затоа што тие всушност ја дикрираат цената за сместување. Само за пример, ако по кревет станоиздавачите бараат 300 ден., посредниците бараат 350 од кои 50 денари се провизија за нив. tanas tanasoski

Оваа појава им е добро позната на општинските инспектори.
Раководителот Танас Танасоски вели дека Законот за туристичка дејност е многу јасен.  Секое издавање на соби мора да оди преку агенција. Дивите чекачи а уште повеќе посредниците мора еднаш засекогаш да се тргнат од улиците на Охрид.

Раководителот на Општинскиот инспекторат вели дека во текот на оваа година треба да се дефинира висината на глобите против ваквите прекршители на Законот, а тоа треба да се направи или од страна на Комисијата за економија или од посебна комисија која ќе биде формирана од страна на Градоначалникот.

Оваа сезона е при крај, но да се надеваме дека овај проблем кој ни се провлекува веќе години наназад до наредното лето ќе се реши.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top