Реакции на обвинувањата за непотизам изнесени на пресот на ВМРО-ДПМНЕ

Во препознатлив стил на популистичко и недемократско владеење вмро дпмне преку општинскиот комитет во Охрид со секојдневни прес конференции го дефокусира вниманието на јавноста од суровата реалност во која живеат граѓаните а за која е виновна нивната централна власт, вака започнува соопштението со кое од локалната самоуправа реагираат на денешниот прес на општинската ВМРО ДПМНЕ.

 |   | 
opstina
општина

Во препознатлив стил на популистичко и недемократско владеење вмро дпмне преку општинскиот комитет во Охрид со секојдневни прес конференции го дефокусира вниманието на јавноста од суровата реалност во која живеат граѓаните а за која е виновна нивната централна власт, вака започнува соопштението со кое од локалната самоуправа реагираат на  пресот на општинската ВМРО ДПМНЕ.

– Во текот на владеењето на ВМРО- ДПМНЕ ,  во изминативе повеќе од 6 години , струјата двојно поскапе , двојно поскапеа и основните прехрамбени и други производи , земјоделците со субвенциите дополнуваат само дел од зголемените цени на нивните трошоци , граѓаните се  се посиромашни , а тие расипнички трошат големи пари да го лажат сопствениот народ. Власта на ВМРО- ДПМНЕ наместо да вложува во капитални објекти , таа постојано се задолжува за градење споменици и плаќање скапи реклами во медиумите, се наведува во реакцијата .


 

И охридските социјалдемократи со експресна реакција на пресконференцијата на општинскиот комитет на ДПМНЕ. За нив пресот на Вмро ДПМНЕ е само папагалско повторување на небулози и невистини.

Во неа, меѓудругото, се наведува дека е нелогично и смешно високото раководство на СДСМ да се обвинува за непотизам, од партија на која непотизмот не и е непознат.

– Ако беше така, тогаш зошто ДПМНЕ на денешната прес конференција, не спомена ниту едно име од високото раководство на СДСМ, како на пример – претседателот на партијата Науме Јованоски, секретарот Ѓоко Танасоски или барем еден ‘член од Извршниот одбор на СДСМ. И со кое право ВМРО ДПМНЕ им го ускратува правото на работа на граѓаните, без разлика на партиска припадност, кое со уставот им е гарантирано. Ова што ВМРО-ДПМНЕ од Охрид го кажува на денешната прес конференција е папагалско повторување на небулози и невистини, кои заради партиски интереси се пласираат во јавноста, се наведува во реакцијата од СДСМ.



Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top