Слабо пари од туристичка такса

Хотелите полни, но добар дел од нив затајуваат туристичка такса. Раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски вели, дека државата под итно мора да направи измени во законот.

 |  Билјана Николоска  | 
soba
soba

Хотелските соби полни, но пари од туристичка такса слабо. Охридксите хотелските капацитети за време на новогодишните празници работеле со 59 % искористеност. Овој податок е според најново извршените контроли на општинскиот инспекторат, кој деновиве ги сумира средствата прибрани од туристичка такса не само за празниците туку и за 2011 година. Раковоителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, вели дека има хотелски капацитети кои навистина работеле со полна пареа, но и такви кои кажуваат нереални податоци.
Сумирани се податоците од исполнетост на туристичките капацитети и за минатата година. Танасоски вели дека во 2011 год споредбено со 2010, има благ пораст на остварени ноќевања на домашни и странски гости.
sobaИако евидентно, околу 22% повеќе ноќевања имаме за 2011, наплатата на туристичката такса потфрла. Танасоски вели дека имаме иста наплата од околу 15 милиони денари и за 2010 и за 2011есета и тој не е задоволен од реализација на наплатата. Смета дека тука се наметнува затајување на такса од поголемите хотелски капацитети.
Танасоски верува дека проблемот околу затајувањето на туристичката такса може да се надмине само со измени на законот. Тој тие измени ги очекува во најскоро време, како со нив на туристичките инспектори би му се дале повеќе ингеренции, поточно да имаат пристап до сите соби во хотелскиот капацитет и до бројот на гости. Танасоски кажа дека добар дел затајувачи на туристичката такса постои и кај физичките лица која не е мала и не траба да се  занемари. Тој додава дека мора да се тревземат ригорозни мерки ако сакаме наплатата од туристичката такса да ни биде што пореална.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top