Канализација се влева во езерото близу СВ. Софија

 Мештаните реагираат веќе две години дека во близина на црквата Св. Софија во езерските води се влева канализација. Од Општинскиот инспекторат за проблемот разбрале вчера.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ukica
улица

Фекалии пливаат по езерото, реагираат жителите на улицата „Коста Абраш“. Тие велат дека во близина на црквата Св. Софија во езерските води се влева канализација. Тоа ни го потврдија и од ЈП „Нискоградба“ од каде објаснуваат дека некои од домаќинствата не сакаат да се приклучат на канализационата мрежа и на колекторскиот систем кој на овој потег се направи пред две години. Од таму објаснуваат дека неможат ништо да сторат бидејќи дел од цевката која треба да се приклучи на најблиската шахта треба да помине низ дворно место што е приватна сопственост. fekalii

Дејан Паноски, преставникот на Билатералниот секретарјат за заштита на Охридското езеро вели дека според Законот за води граѓаните се должни да се приклучат на колекторскиот систем. „Нема тука сакам не сакам“, објаснува Паноски. „Кога станува збор за општото добро, а во овој случај за Охридското езеро мора да се спроведе законот. Ако продолжи загадувањето на езерото, па макар и на вака мали површини тоа ќе значи крај на развојот на туризмот, опоменува тој. Меѓународната битка за заштита на езерото ја добиваме, но ја губиме локалната, вели Паноски.

kanalizacijaToj, а и граѓаните велат дека овој проблем се провлекува веќе две години и прашуваат зошто досега ништо не превзеле од Општинскиот инспекторат.

Раководителот Танас Танасоски, кажува дека тие дури вчера биле информирани за овој проблем и тоа од дел од граѓаните кои истиот го пријавиле кај нив.
 

Танасоски вели дека инспекторот за екологија и комуналниот инспектор веднаш излегле на терен и утврдиле дека состојбата не е розова. Раководителот на општинскиот инспекторат кажува дека на граѓаните кои не се приклучени на колекторот на овој дел од крајбрежието вчера им е дадено извршно решение  и имаат рок од три дена за да се приклучат на канализационата мрежа. Доколку тоа не го сторат следуваат казни во висина од 1000 до 1200евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top