Општинскиот комунален инспекторат во акција

Подигнати диво поставените столови и маси како и нелегално поставените тезги. Нема поставување урбана опрема без дозвола, децидни се инспекторите.

 |  Јаковлева Лионела  | 
stolici
столици

 

200 столови и 50 угостителски маси беа подигнати при акцијата што ја спроведе Општинскиот комунален инспекторат. Ова следуваше поради непочитување од страна на голем дел од угостителите на одлуката која беше донесена уште во зимскиот период од Локалната, а со која сите беа обврзани да достават барања за поставување урбана опрема до Секторот за урбанизам најдоцна до 15 април оваа година. Од општинскиот инспекторат после овој рок спровеле акција и уште еднаш на терен ги опоменале сите кои немале доставено барања во рок од 15 дена да го направат тоа, но и покрај тоа голем дел од угостителите останале глуви.столици и маси

Угостителите изминатите години беа навикнати да избегнуваат да ги подмират обврските кон Локалната. Но ние нема да подлегниме на никакви притисоци кои додека ја вршевме акцијата беа во голем број. За среќа многу ни помогна МВР кои одлично си ја сработија работата и акцијата зе изврши непречено, вели Никола Милески од Општинскиот комунален инспекторат.sladoled

Милески кажува дека акцијата продолжува и понатаму, а се прават напори да се стави крај на безредието кое владеело со години при поставувањето на тезгите. При направените контроли  отстранети се 7 нелегално поставени тезги, биле издадени 20 решенија за отстранување на тезги, а во 13 случаи се постапило по решенијата. Милески вели дека овие резултатаи се должат и на подобрата екипираност во инспекторатот.

Со систематизацијата која ја спроведе Општина Охрид 80% тие проблеми се решија. Имаме поефикасна работа како градежните, комуналните така и инспекторите за животна средина. Тие сите се на терен и си ја вршат работата, вели Милески.

Од инспекторатот кажуваат дека ќе се стави ред и со диво поставените билборди, а потенцираат дека ова лето урбаната опрема ќе биде поставена само на оние места на кои е зацртано во планот на општината.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top