ДПМНЕ: „Разликата помеѓу нас и СДСМ е отчетноста“

Според Арнаудов, сите достигнувања се резултат на принципот на работа на ВМРО-ДПМНЕ.

 |  Мишел Наумоски  | 
dpmne kandidati
дпмне кандидати

Достигнувањата во областа на здравството во фокусот на денешната прес конференција на кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Arnaudov presЉубен Арнаудов, еден од кандидатите како едно од најзначајните достигнувања во областа на здравството кои ги спровело ВМРО-ДПМНЕ го потенцираше проектот „Мој термин“ кој се користи во здравствените установи низ земјава, но акцент стави и на проектите за изградба и реконструкција на болници. Како еден од идните проекти од оваа област, Арнаудов го спомена и проектот за целосна реконструкција на специјалната болница „Свети Еразмо.“ Според Арнаудов, подеднакво значаен сегмент е и донесувањето на Законот за минимална плата со кој е предвидено зголемување на истата од 8050 на 10800 денари. Од економски аспект, според Арнаудов големо значење има и зголемувањето на пензиите. Тој потенцира дека успешниот принцип на работа на ВМРО ДПМНЕ, делува и во делот на невработеноста.

Mitrovic„Поради тоа би сакале да се осврнеме кон ветувањето на намалување на невработеноста. Сегмент кој и тоа како е значаен за Република Македонија. Во 2013 година стапката на невработеност во Македонија е намалена на 28, 6 посто, што воедно преставува и историско најниско ниво во последниве 17 години но исто така значаен е и податок от дека Македонија е единствената земја во Европа која забележа н амалување на невработеноста во услови на светска и европска криза. Во однос на процентот на невработеноста ВМРО ДПМНЕ не застанува тука, туку напротив се стреми кон намалување на невработеноста на ниво од 22 посто во текот на следниот четиригодишен мандат. Тоа со други зборови значи дека во следните четири години во Република Македонија ќе се креираат најмалку 64 илјади нови работни места.“-рече кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов.

На прес конференцијата на општинскиот изборен штаб на ДПМНЕ пак, портпаролот Никола Митровиќ се осврна на отчетот на кандидатот за претседател од нивните редови како и отчетот на Владата на Република Македонија. Според Митровиќ, нивниот кандидат за претседател и досегашен носител на таа функција, Ѓорѓе Иванов е исполнителен претседател и претседател на сите граѓани за разлика од неговиот противкандидат од СДСМ.

„Во периодот  пред престојните претседателски и парламентарни избори се прашуваме, каде е програмата на кандидатот за претседател на СДСМ, каде е програмата на СДСМ. Каде се прикажани нивните проекти и нивните финансиски конструкции за реализација. Зошто Стево Пендаровски не ги кажува своите ставови за името, зошто немаат став за националните интереси. Тоа ли е државник a нема свои ставови?Празните ветувања не смеат да бидат дел од политичка пропаганда напротив делата и реализарине проекти се главните факти за политичка борба. Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓe Иванов како и ВМРО ДПМНЕ со коалицоните партнери преку нивните отчети и изборните програми потврдуваат дека се единствениот избор на граѓаните на Република Македонија. “-вели портпаролот на општинскиот изборен штаб на ДПМНЕ, Никола Митровиќ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top