Нејаснотии во надлежностите на општинскиот и државниот градежен инспекторат

Неразграничувањето на надлежностите на градежните инспектори, на локално и државно ниво, повикувањето на членови и од Законот за градење и од Законот за Охрид, создаваат хаос во инспекцискиот надзор, а на урбаното дивеење ни од далеку не му се гледа крајот. Пријавите и предметите за бесправно градење се препраќаат напред назад помеѓу општинскиот и државниот градежен инспекторат, а во меѓувреме прекршителите си градат, доградуваат и надградуваат.

 |   | 

Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, популарно наречен Закон за Охрид, кој требаше да стави крај на урбаното дивеење во градов,само им ги заплетка ингеренциите на инспекторите на локално и државно ниво. Иако поминаа 5 години откако овај закон беше донесен, градежните инспекторати сеуште си ја префрлаат топката од еден на друг. При тоа се повикуваат на членови од Законот за Охрид, но и од Законот за градење, а дополнително проблем е дали бесправниот објект е од прва или втора категорија. Сето ова резултира со препраќање и враќање на предметите од едни на други.
Телевизија ТВМ во континуитет ја информираше јавноста за овој проблем.
Така на пример, уште во февруари месец  2013 та година до општинскиот градежен инспекторат токму нашта телевизиска куќа пријави бесправни градешни зафати од страна на еден сопственик на деловен простор во Трговскиот центар „Пазариште“. Два месеци подоцна општинскиот инспекторат се огради од надлежност и  одговори дека треба да се обратиме до Државниот градежен инспекторат, бидејќи објектот спаѓа во опфатот на старото градско јадро . Од Државниот градежен инспекторат пак, до кои исто така беше доставено барањето да се изврши инспекција на незаконски дејствија врз бетонската конструкција во трговскиот центар , со одговор дека градбата не е од прва категорија согласно Законот за градење  и Националниот регистар на градби кои се културно наследство, па предметот го враќаат на општинскиот инспекторат за нивно понатамошно постапување. Дека ова не е изолиран случај и дека инспекторатите  не можат да си ги разграничат надлежностите,  покажува и тоа дека во истиот тој период биле препраќани и седум други предмети на охриѓани, од локалниот до државниот градежен инспекторат

Посвеж е примерот пак, со градежни зафати во срцето на охридската чаршија, од пролетта минатата година. Имено, иако надлежните од Завод и музеј се изјаснија дека се дивоградби, и за тоа ја известиле државната градежна инспекција,  инсвеститорите си ги завршија нелегалните градежни зафати а дуќаните и ден денес  работат.  И во овој случај, државниот градежен инспекторат надлежноста ја префрли на општинскиот инспекторат, затоа што градбата била од локално значење, а од локалната  пак, си се оградија повикувајќи се на одредби од Законот за Охрид.

Виолета  Ѓорѓиева, советник државен градежен инспектор (изјава од 12.05. 2015)
„ Утврдено е дека градбата е од локално значење нема надлежност инспекторатот да постапува, не се работи за градба од 1 категорија каде што е значење од Републиката. Постапено е од наша страна и е на локално ниво каде што терба да постапи овалстен градежен инспектро на општина Охрид“

Томе Џамтоски, портпарол на општина Охрид (изјава од 12.05.2015)
„ Точно е дека имаме дописи до нашиот инспекторат. Но, постапките од Законот за заштита на старото градско јадро е многу строго дегфиниран во однос на надлежностите. Надлежностите ги имаа министерството за транспорт  и врски и општина Охриод согласно прописите не може да интервенира“.

Ова се само дел од примерите кои покажуваат како неразграничувањето на надлежностите на градежните инспектори, повикувањето на членови и од Законот за градење и од Законот за Охрид, создаваат хаос во инспекцискиот надзор а на урбаното дивеење ни од далеку не му се гледа крајот.  Несанкционирањето ги охрабрува прекршителите да градат, доградуваат и надградуваат спротивно на законот, водени од своите желби и бизнис потреби. Пример за тоа е случајот со ТЦ Пазариште, каде во 2013 беа извршени незаконски дејства врз бетонската конструкција, истото лице деновиве масивно бетонира на влезот од трговскиот, а на сметка на тоа е отежнат пристапот до објектот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top