До општинскиот црвен крст се повеќе охриѓани бараат помош да се прехранат

До општинскиот црвен крст се повеќе охриѓани бараат помош да се прехранат.

 |  Валентина Неловска  | 

Општинската организација на Црвен крст со својата мрежа на волонтери и организираност успева да им помогне на многу охриѓани  во социјален ризик. Органзирани се многу собирни акции и хуманитарни активности за да помогнат и спасат  животи. Охриѓани се обраќаат за различни видови помош, информира Претседателот  на ЦК Охрид Сашо Точков.

 „Најголем број е да се прехранат. Имаат потреба и од здравствени проблеми. Им  требаат лекови, за здравствени интервенции и голем број на луѓе кои немаат основни услови за живот, како што се дом, куќа, струја, вода“, набројува Точков.  

Во  периодот од последните 10тина години Точков не може со точност да прецизира дали расте бројот на луѓе кои бараат хуманитарна помош или  пак  притиснати од немаштијата го проголтуваат срамот и барат од нив помош.

„Можам да направам паралела дека барањата и притисокот кон нас од ранливата категорија е поголем, но дали и бројот е поголем не можам да кажам. Можеби некој бил во таа категорија имал потреба, а не смогнал храброст  да дојде кај нас и да побара помош, голем број од нив се срамат, но можеби дошол во изминатава година. Може е иста плус минус бројката, но има поголем притисок и повеќе барања, а и повеќе луѓе опслужуваме“, напоменува Точков за ова прашање.

Во ОО на Црвен крст има над 1000 волонтери од сите возрасти кои помагаат на различни начини. Точков упатува апел до сите охриѓани секој од нас да ја пронајде хуманоста во себе и да пронајде начин како може некому да му помогне и да ја покаже општествената одговорност.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top