Помалку пари од општинскиот буџет и за детска заштита

Помалку средства од буџетот и за програмата за детска заштита за наредниве две години, обвинуваат советниците од опозицијата во Градскиот Совет. Од локалната со став декапрограмата е изработена во насока  од првиот ден на својот мандат оваа локална води грижа за условите за грижа на децата.

 |   | 

Помалку средства од буџетот и за програмата за детска заштита за наредниве две години, обвинуваат советниците од опозицијата во Градскиот Совет. Од локалната со став декапрограмата е изработена во насока од првиот ден на својот мандат оваа локална води грижа за условите за грижа на децата.

За околу 300.000 денари е пониска финансиската рамка издвоена од буџетот на општината за периодот од 2017-2019 година, за детска заштита. Советниците од опозицијата со констатација дека повторно станува збор за едноставно пресликување на програмата од минатата година. Речиси за сите детски градинки, програмата е едноставно пресликана, обвинуваат советниците од опозицијата.

„Нема ама баш ништо поразлично во оваа програма од таа од изминатата година. Знаќи почнувајќи од централната се е исто. Да не ми речите дека централната ја реновиравте се сменија кровови дограми незнам што. Централната да, беше реновирана но со средства од Агенција на југозападен регион. Не беше ништо од ЛС. Така да се што е останато секоја ставка е истата,ништо не е сменето“ обвинува Оливија Пирузева Јанева – Советник СДСМ.

Јанева посочи дека не престануваат поплаките на родителите за греењето во градинките што значи дека под итно мора да се замена парните котли во некои од објектите на градинката. Планирање и реализирање на тековни активности во една установа не е воопшто работа на општината. Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески, објасни дека централниот објект на градинката е реновиран со средства од Агенцијата за развој на Југозападниот плански регион, но дека за тие средства требало некој да аплицира, а исто така дека тие средства не биле доволни за да се завршат сите предвидени зафати.

„Оваа програма која вие ја критикувате овозможи комплетна реконструкција на централната градинка и многу лесно кажавте дека тоа се средства на центарот за развој на Југозападен плански регион, а претходно не обвинивте дека ЛС не аплицира запроекти, не се бори да обезбеди средства. Но тие средства никогаш не се доволни за комплетно да се заврши еден проекти се она што е потребно дополнително за енергетска ефикансност , канализационата, водоводната мрежа, вентилациониот систем во градинката, тоа се се инвестиции на ЛС“ објаснува Димитар Спасески – Секретар Општина Охрид.

Советничката Јанева ги поздрави напорите кои ги прават родителите за детската градинка да располага со свои приходи, се со цел децата да престојуваат во што е можно подобри услови, додека Спасески потенцираше дека од првиот ден на својот мандат оваа локална води грижа за условите за грижа на децата, а како пример го посочи фактот што во овие неколку години објектите на градинката не останале ниту еден ден без мазут,како и тоа што долгот за огрев веќе е исплатен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top