• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Општинскиот инспекторат издавал налози до ЈП Комуналец за подигање на шут и друг вид отпад

Општинскиот инспекторат издавал налози до ЈП Комуналец за подигање на шут и друг вид отпад

 Општинскиот инспекторат издавал налози до ЈП Комуналец за подигање на шут и друг вид отпад.

 |  Валентина Неловска  | 

ЈП „Охридски комуналец“ има отворен месечен налог од општинскиот инспекторат за чистење на критични места. Инспекторатот  за оваа намена може да побара од ЈП Комуналец да подига и расчистува шут и други видови отпад во различни делови од градот и вон населените места. Досега претпријатието за градска чистота по налог на инепкортот постапувало на 23  критични точки, кажува портпаролот Томе  Џамтоски.

„Ние имаме отворен месечен налог кон ЈП Комуналец и тие може да постапуваат повеќе пати дали по пријава од  комуналните редари или градежниот инспектор, од граѓани и правни лица:до Овој момент се псотапило 23 пати во зиманинатиет 8 месеци пооколу 3 пати во месецот да се подига отпад или да се уредува некој простор“, информира Џамтоски.

Налогот е отворен и се постапува во зависност од потребите на службата или од пријавата на граѓаните. Од општината не располгаат со податоци колку пари досега се потрошени по овој основ.

„ Од ЈП  Комуналец не добиваме фактури по овој основ   и ќе почекаме да се направи завршната сметка и да видиме колку средства се одвоиле за овој вид иако во програмата од советот имс средства и колку  ќе бидат искористени ќе видиме од фискалната година“, вели Џамтоски.

ЈП Комуанелец деновиве ангажирало дополнителни работници за рачистување на отпадоци покрај  патниот правец  Ливоишта,Сирула и Вапила, Косел. Чистењето на околината е за поздравување, но од друга страна зачудува фактот што досега ЈП Комуналец не го има исчистено  расфрланиот отпад и во кругот на видиковецот во НП Галичица или депонијата во близина на селото Рамне. 

Да се надеваме дека комуналниот инспекторат ќе издаде налог за чистење и на овие места кои често се користат во викендите од страна на охриѓани, но и гостите.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top