Post Views: 0
Утре (Четврток), во 13.03.2014, со почеток во 12 часот, Градоначалникот на Општина Струга, Зиадин Села, ќе оствари средба со Амбасадорот Ралф Брет од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Амбасадорот на Швајцарија, Стефано Лазарато.
Целта на средбата е потпишување на Меморандум за Соработка помеѓу Општина Струга и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за проектот “Медијација за промена”.
Оваа активност ќе се оддржи во просториите на СОУ “Нико Нестор”, во Центарот за Медијација.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Развојниот буџет на општина Охрид за 2109 година ќе тежи над 25 милиони евра. Во основниот буџет е вкалкурирана и сумата од около 500 милиони денари со кои Владата интервенираше за раздолжување на општината. Советниците ја испочитуваа желбата и идејата на покојниот градоначaлник Јован Стојаноски најмногу пари во буџетот да се наменат за капитални инвестиции во образованието со сума од 46 милиони денари, напомена градоначалникот Константин Георгиески.
„ Од тие 46 милиони денари за капитални инвестиции само 21 милион и 300 илјади денари се за изградба на нова градинка...
Post Views: 3
Предложени се 16 точки на дневен ред по кои е предвидено да работи Советот. Струшките советници ќе треба да се произнесат по предлог – одлуката за утврдување на работното време на занаетчиските дејности во Струга.
Исто така ќе расправаат по точките за разрешување и именување на нови членови на управните одбори на ОУ во Делогожда и за ЈП Комунално Струга, а на дневен ред се најдоа и кварталните извештаи за работата на Јавните Претпријатија, Проаква, Хигиена од Лабуништа и ЈП „Октиси“ од Октиси.
Утре советниците ќе треба да одлучуваат и за изградба на пешачка патека...
Post Views: 0
Општина Охрид втора година последователно има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2021 година како дел oд Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Целта на истражувањето, кое беше спроведено од страна на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ е проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Македонија.
Овој извештај нуди анализа на работата на единиците на локалната самоуправа во однос на принципите на транспарентност, свесност, пристапност...
Post Views: 9
Д-р Константин Георгиески е нов вршител на должност градоначалник на општина Охрид. Георгиески функцијата ќе ја обавува до распишување на предвремените локални избори кои најверојатно ќе се заедно со претседателските на пролет. По прераната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски и запазување на законската простапка Советот на општината пристапи кон избор на вршител на должност. Константин Георгиески како досегашен заменик градоначалник беше предложен и избран од охридските советници. Не сум среќен и задоволен што во вакви околности сум избран за градоначалник, но ветувам...
Post Views: 0
За овој петок 28.12. свикиана дваесет и првата седница на Советот на општина Охрид. На дневниот ред на ова последното издание на седницата на Советот на Општина Охрид за оваа година, ќе се најдат 35 точки.
Градските советници ќе расправаат за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година, извршување на буџетот на Општина Охрид за 2019 година, а планирано е да се расправа за усвојувањето на програмите за тековно работење на јавните претпријатија, како и за а утврдување на висината на комуналната такса за користење на просторот пред...
Post Views: 1
Реализацијата на овој проект ќе започне пред професорите и психолошко-педагошките служби во средното училиште „Нико Нестор “, во Струга, а во наредниот период и пред учениците и нивните родители.
Проектот потоа ќе биде презентиран и пред учениците во средното училиште „Ибраим Темо“.
Станува збор за проект кој во изминативе две недели беше реализиран во средношколските центри во општина Охрид и истиот претставува продолжение на проектот „Дрога-вистина и заблуди“ спроведен во периодот од 2008 до 2012 година, пред околу 25000 ученици од основните и средните школи, наставници...
Post Views: 0
По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Општина Охрид, проф.д-р Јован Стојаноски, Советот на Оштина Охрид, на 16.12.2018 (недела), со почеток во 10 часот, ќе одржи вонредна седница на која треба да биде изгласана одлука, понеделник, 17 декември да биде прогласен за ден на жалост.
ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ОХРИД, ПРОФ. Д-Р ЈОВАН СТОЈАНОСКИ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ НА 17.12.2018Г. (ПОНЕДЕЛНИК), ОД 12 ДО 14 ЧАСОТ, ВО КАПЕЛАТА НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА ВО ОХРИД. Во понеделник 17.12. 2018 г.(понеделник), со почеток во 10 часот, во големата сала на општинската...
Post Views: 1
Општина Охрид за Новата 2019 година објавува Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон.Пријавувањето на конкурсот ќе трае од 14 до 27. 12.2018 година. Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.
На конкурсот ќе бидат доделени три награди:
Прва-10.000денариВтора-6.000денариТрета-4.000денариКомисијата формирана од Градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми:
При новогодишното...
Post Views: 6
Новите станбено-деловни објекти на Адора Инженеринг во Скопје, општина Аеродром, Ново Лисиче се со врвна асеизмичка стабилност и цврстина на бетон до 50 % повисока од пропишаните законски норми во Македонија, потврди експертската супер визија на реномираниот Институт за сеизмологија и земјотресно инженерство-ИЗИИС и сертифицираната лабораторија Евро-Консалтинг од Скопје.
Мерењата и лабораториските анализи на 73 бетонски коцки вградени во секој од елитните објекти што Адора Инженеринг ги гради на Г.П. 3.13 и Г.П. 3.16 во комплексот „Адора“ во општина Аеродром, Скопје,...
Post Views: 0
ОУ „Дебрца“ во с.Белчишта заедно со локалната самоуправа, а под покровителство на градоначалникот Игор Трајкоски и директорката на Јавното комунално претпријатие, Јасмина Мицкоска започнаа со реализација на Еко-проектот „Заедно до почиста општина“, со цел потикнување на еколошката свест кај населението на Општина Дебарца.
Со Еко-проектот „Заедно до почиста општина“, предвидено е истражување за еколошката состојба во Општина Дебарца, проект кој започна денес, а ќе трае до 21.03.2014 година.
Во активностите кои ќе бидат реализирани во шест работни седмици учество ќе...
Post Views: 0
Со поддршка на Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА, Општина Охрид ќе ги реконструира трибините на фудбалскиот стадион во СРЦ „Билјанини извори“. Вредноста на овој проект, кој видно ќе придонесе за развојот на спортот во Охрид, изнесува 800.000 евра.
Фудбалската федерација на Македонија од УЕФА и програмата за развој, официјално доби дозвола за започнување на активности за реконструкција и изградба на трибини на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Средствата се одобрени по претходно поднесена апликација и идејни проекти.Во рамките на истата програма за развој,...