Општина Охрид го изгласа буџетот тежок над 25 милиони евра

Во основниот буџет е вкалкурирана и сумата од около 500 милиони денари со кои  Владата интервенираше за раздолжување на општината. Најголем дел од  буџетот  ќе се потроши  на капитални инвестиции во образованието меѓу кои е планирана и изградба на детска градинка. 

 |  Валентина Неловска  | 

Развојниот буџет на општина Охрид за 2109 година ќе тежи над 25 милиони евра. Во основниот буџет е вкалкурирана и сумата од около 500 милиони денари со кои Владата интервенираше за раздолжување на општината. Советниците ја испочитуваа желбата и идејата на покојниот градоначaлник Јован Стојаноски најмногу пари во буџетот да се наменат за капитални инвестиции во образованието со сума од 46 милиони денари, напомена градоначалникот Константин Георгиески.

„ Од тие 46 милиони денари за капитални инвестиции само 21 милион и 300 илјади денари се за изградба на нова градинка која е планирана за оваа година. Се надеваме дека ќе имаме помош и од Министерството за труд и социјална политика за завршување на овој голем проект“, изјави Георгиески.

Во буџетот покрај оваа капитална инвестиција планирани се реконструкција и подготoвка на техничка документација за многу улици, пешачки патеки, плоштади. Граѓаните може да очекуваат подобра инфраструктура на улиците Јане Сандански, Абас Емин, Егејска, Коста Абраш. Интервенирање во спортски сали, училишни згради и деблокирање на сметката на училиштето Григор Прличев. Исто така се планирани средства за Мауцкер, Касарната, плоштадот Крушевска Република.
Советниците од опозицијата беа воздржани при денешното усвојување на буџетот. Кирил Пецаков, координаторот на советничката група на Вмро Дпмне, со став дека не се усвоени нивните забелешки по нацрт програмите најверојатно заради вонредните околности во кои се најде општината. Најавија развоен буџет за општината по локалните избори.

„ Факт е дека сите недостатоци или предлози кои ги имавме ќе инсистираме во наредниот период преку ребалансот на буџетот да интервенираме да се вметнат се со цел Охрид да има развојна компонента“, кажа Пецаков.

За прв пат годинава буџетот на општината е донесен по ставки поделени во капитални ивестиции според одредени развојни програми.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top