Константин Георгиески е вршител на должност градоначалник на општина Охрид

Константин Георгиески ќе ја обавува должноста во следните месеци се до вонредните локални избори. Пред Советот на општина Охрид и граѓаните вети дека со тимот на поранешниот градоначалник Јован Стојаноски ќе ги продолжат започнатите проекти.

 |  Валентина Неловска  | 

Д-р Константин Георгиески е нов вршител на должност градоначалник на општина Охрид. Георгиески функцијата ќе ја обавува до распишување на предвремените локални избори кои најверојатно ќе се заедно со претседателските на пролет. По прераната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски и запазување на законската простапка Советот на општината пристапи кон избор на вршител на должност. Константин Георгиески како досегашен заменик градоначалник беше предложен и избран од охридските советници. Не сум среќен и задоволен што во вакви околности сум избран за градоначалник, но ветувам дека целосно ќе се вложам и посветам за да ја оправдам довербата дадена од човекот кој прв покажа доверба кон мене, рече во своето обраќање Георгиески.

„Искрено се надевам на поддршка на Советот со совет и критики кога ќе е потребно.Заедно да продолжиме по патот кој го трасира нашиот градоначланик , да ги оствариме неговите соништа, да ги реализираме проектите за кој тој живееше и да го одржиме дадениот збор даден пред граѓаните на Охрид“, рече Георгиески.

Константин Георгиески во следните месеци ќе ги има сите овластувања во однос на непречено работење на општината. Веќе во петок пред советниците на дневен ред ќе се најде буџетот на општината за 2019 година кој мора да се изгласа до 31 декември. Новиот градоначалник најави продолжување на започнатите проекти.

„Нема да има никаков застој во проектите. Со тимот ќе се вложиме во продолжување на проектите и остварување на плановите кои ги имавме со градоначалникот“, истакна Георгиески.

Константин Георгиески за вршител на должност градоначалник беше избран со 15 гласови од советниците. Колегите од опозицискиот блок беа воздржани при гласањето.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top