• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон во општина Охрид за Новата 2019 година

Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон во општина Охрид за Новата 2019 година

Општина Охрид за  Новата 2019 година објавува  Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон.Пријавувањето на конкурсот ќе трае од 14 до 27. 12.2018 година. Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.

 |   | 

На конкурсот ќе бидат доделени три награди:

Прва-10.000денари
Втора-6.000денари
Трета-4.000денари
Комисијата формирана од Градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми:

При новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста.

Објавувањето на наградите ќе биде по новогодишните празници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top