• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ОПШТИНА ОХРИД ПОСЛЕДОВАТЕЛНО Е НА ПРВОТО МЕСТО ПО ИНДЕКСОТ НА ОТВОРЕНОСТ НА ОПШТИНИТЕ

ОПШТИНА ОХРИД ПОСЛЕДОВАТЕЛНО Е НА ПРВОТО МЕСТО ПО ИНДЕКСОТ НА ОТВОРЕНОСТ НА ОПШТИНИТЕ

Општина Охрид втора година последователно има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2021 година како дел oд Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 |   | 

Општина Охрид втора година последователно има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2021 година како дел oд Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Целта на истражувањето, кое беше спроведено од страна на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ е проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Македонија.

Овој извештај нуди анализа на работата на единиците на локалната самоуправа во однос на принципите на транспарентност, свесност, пристапност и интегритет. Дополнително ЕЛС биле мониторирани според еден заеднички домен присутен во сите четири принципи, а тоа се отворените податоци. Врз основа на направената проценка дадени се препораки за подобрување на работењето на единиците на локалната самоуправа во областите кои се опфатени со истражувањето.

Општина Охрид има висок процент на исполнителност во сите четири принципи на отвореност.

Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Македонија за 2021 година преку Индексот на отвореност можете да го погледнете на овој линк

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top