Ознака: образование

decinja priredba

„Сите сме под исто сонце“

Post Views: 1 „Сите сме под исто сонце“. Под овој наслов годинава се реализираше програмата по повод патрониот празник во ООУ Св. Климент Охридски. Весело, разиграни и распано. Вака протече синоќешната свеченост која беше посветена на децата со посебни потреби, кои се дел од овој образовен центар. „Од минатиот патронат до овој училиштето продолжи да чекори по патот по кој заедно сме го трасирале наставниците, учениците и целиот колектив, а тоа е пат кон подобри успеси, кон квалитетно образование и не само за подобрување на инфраструктурата на училиштето, туку подобрување на квалитетот...

Continue reading

tehnicko obrazovanie

Резбањето со рам и пилица на часовите, заминува во историјата

Post Views: 8 Техничко образование по европски терк. Благодарение на имплементацијата на ПЕП проектот, сите училишта сега ќе добијат контролни управувачки уреди, едукативен робот и СОЛАР КИТ комплети, со цел да се модернизира наставата по техничко образование. Учениците на О.У. „Григор Прличев“ ги презентираа првите стекнати знаења. „Јас имав изработено модел на стаклена градина, така што сончевата енергија се претвора во механичка работа на вентилаторот за да се одржи одредена температура во стаклената градина. „Денес имаме презентација на вежба со противпожарен аларм, имаме поставено...

Continue reading

seminar

Дали Македонија ги следи европските туристички стандарди?

Post Views: 0 Македонија е посебна туристичка дестинација.  Македонија мора да има посебна понуда, посебни туристички производи и тоа никако не сме да биде копија на нешто, велат туристичките експерти. Искуствата од надвор, кои се однесуваат на регулатвивата и стандардизацијата се драгоцени според начинот на кој институциите од туристички развиените земји и региони се поставени, и е добро да се гледа на нив како на паралела и компарација. Во нашата земја туристичката фела и останатите фактори треба да се организираат така, да имаме еден партнер една асоцијација едно тело, да знаме...

Continue reading

dete

Дискриминацијата во македонските училишта сеуште проблем според ЕУ

Post Views: 13 Дали македонското образование е блиску или далеку од стандардите на Европската унија? Ова е прашање на кое барем индиректно треба да даде одговор Регионалната конференција за инклузивност во образованието. Заклучокот на конференцијата е дека сите земји имаат проблеми во својот образовен систем, но целта е сите земји да се стремат кон константно подобрување. Инклузивноста во образованието е еден од најсериозните проблеми со кои се соочува Република Македонија, но и земјите од Западен Балкан и Турција. Македонија е земја со статус за добивање датум за преговори за влез...

Continue reading

osnovno

Се помал бројот на основците

Post Views: 5 Се помал бројот на ученици кои се запишуваат во основните училишта. На претходната седница на Совет, советниците ги изгласаа предлог одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици. Серафим Наумоски од одделението за образование на Секторот за јавни дејности при Општината, информира дека споредбено со минатата година, само во прво одделение се запишале 11 ученици помалку од лани. „ Да бидеме искрени бројката на запишани ученици од година во година бележи пад, на учениците од некаде 548, 530, оваа година бројот е најмал но тоа е во селските...

Continue reading

sidney

Учете во Австралија

Post Views: 2 Австралија е земја на неограничени можности во образованието. Стототици  училишта и колеџи и повеќе од 40 универзитети во Австралија и Нов Зеланд, минативе седум години се достапни за идните средношколци и студенти од земјава, благодарение на агенцијата „Бриџ Блу“. Тие преку своето претставништво од Скопје, нудат професионален сервис и услуга за образование и живеење во Австралија. Што се однесува до далечината, таа сега воопшто не претставува проблем, вели Сашо Грозданоски вработен во агенцијата. „Далечината мислам дека беше проблем кога ние студиравме, во деведеститте...

Continue reading

cekor-po-cekor

„Чекор по чекор“ уште 5 месеци

Post Views: 0 Наставниците кои во изминативе 5 години беа дел од проектот „чекор по чекор“, на средба во Охрид. Активностите кои се спроведоа се во рамките на проектот за основно образование на USAID,  финасирано од американската агенција за меѓународен развој и на иницијатива од фондацијата „чекор по чекор“ од институтот отворено општество и од универзитетот од Кембриџ. Таа иницијатива беше наречена „Лидество на наставници“ со цел кај наставниците да се потикне иницијатива за да реализираат сопствени проекти кои ќе ја унапредат секојдневната воспитно образовна пракса. „Сакавме да...

Continue reading

kasarna

Владата пишман аџија за охридската Касарна

Post Views: 7 Еднаш најавува Охридската касарна да припадне на Локалната самоупрва, за потоа да се премисли. Најновата одлука е просторот да го  додели на Министерството за образование.  Во админситративната зграда на касарната се адаптираат канцаларии за неколку подрачни единици од различни министерства. Од пред неколку денови канацаларијата на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро е иселена од поранешното училиште Св „Климент  Охридски“. Канцаларијата е префрлена во простории на спортскиот комплекс Атина Бојаџи, кратко не информира Дејан Паноски претставик...

Continue reading

ucenici

Советот на општината ќе дава „амин“ за училишните екскурзии

Post Views: 0 Училишните екскурзии повеќе нема да се препуштаат на случајности. За  реализирање на патувањата надвор  од градот од оваа учебна година, училиштата   според своите предвидени програми за прв пат мислење ќе  бараат од повеќе органи. Меѓу нив се и градските советници, ова  е предвидено со новиот Правилник од  министерството за образование. Комисијата за општествени дејности деновиве даде зелено светло по барањето мислење за изведување на ексурзии за две основни училишта, за „Григор Прличев“ и за „Св.Наум  Охридски“ од Пештани, вели Јоне Станкоски претседателот на оваа...

Continue reading

Gimnazija

Сеуште има слободни места во средните училиште

Post Views: 0 По завршувањето на вториот уписен рок во трите општински средни училишта сеушта има слободни места. Во општинското средно училиштре „Св. Климент Охридски“ за гимназиско образование запишани се 3 полуматуранти, додека за стручното образование во економската и здравствената насока пријавени беа 22 ученици, а запишани 19. По првиот и вториот уписен рок во Гимназија остануваат слободни уште 95 места. Во средното угостителско училиште „ Ванчо Питошески“ за профилите со четиригодишно образование, во вториот уписен рок нема пријавени кандидати, а остануваат слободни над 25...

Continue reading

profesija kelner

Преку преквалификување до нови вработувања

Post Views: 0 Угостителската струка, келнер-гастроном ќе добие нов бран на стручно подготвени лица. Четиримесечната обука заврши токму денес, со што лицата кои успешно ќе ја поминат проверката, ќе се стекнат со титулата келнер-гастроном. Оваа обука е дел од заедничкиот проект на Владата на Република Македонија, Агенцијата за вработување и Центарот за средно стручно образование и обука, додека како реализатори на овој проект се јавуваат училиштата. „Ние како угостителско туристичко училиште од Охрид изготвивме програма за профилот келнер-гастроном бидејќи немаше таква програма. Таа...

Continue reading

opshtina

Градоначалникот избира кој ќе го советува во образованието

Post Views: 6 Непознато името на заменикот  на досегашниот советник за образование Митре Велјаноски кој стана пратеник во законодавниот дом. Од кабинетот на градоначалникот не откриваат кој ќе биде новиот советник. Јавноста  „плете“ разни можности, од тоа дека советникот мора да биде државен службеник до тоа дека за оваа позиција не важи законот за државни службеници. Градоначалникот сеуште не го назначил идниот советник за образование. Она што  дознаваме е негово право во изборот  на личноста  за оваа позиција. Чаршијата пак, веќе шпекулира со  имиња на неколку директори од основните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top