Градоначалникот избира кој ќе го советува во образованието

Непознато името на заменикот  на досегашниот советник за образование Митре Велјаноски кој стана пратеник во законодавниот дом. Од кабинетот на градоначалникот не откриваат кој ќе биде новиот советник.

 |  Валентина Нелоска  | 
opshtina
општина

Непознато името на заменикот  на досегашниот советник за образование Митре Велјаноски кој стана пратеник во законодавниот дом. Од кабинетот на градоначалникот не откриваат кој ќе биде новиот советник. Јавноста  „плете“ разни можности, од тоа дека советникот мора да биде државен службеник до тоа дека за оваа позиција не важи законот за државни службеници.

Градоначалникот сеуште не го назначил идниот советник за образование. Она што  дознаваме е негово право во изборот  на личноста  за оваа позиција.

Чаршијата пак, веќе шпекулира со  имиња на неколку директори од основните училишта. Понесени веројатно од позицијата на поранешниот советник Велјаноски кој дојде како советник од наставничкото место во ОУ „Григор Прличев“. Меѓу нив е и името на актуелниот директор на Основното училиште „Григор Прличев“, Сашо Ставрески. Како и да е,  јавноста очекува од новиот советник да го продолжи успешниот развој на општината во сферата на образованието.

Во периодот од 2005 година, кога Велјаноски стана советник на Петрески, Локалната самоуправа реализра  неколку новини во образованието. Се реновираа градските училишта, се изградија и подновија спортските сали, се воведе предметот спортски активности од 1 до 4 одделение, се подржуваат учениците при натпреварите во знаење. Исто така, општина Охрид прва ги воведе и стипендиите за спортисти и талентирани ученици.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top