„Чекор по чекор“ уште 5 месеци

Наставниците кои во изминативе 5 години беа дел од проектот „чекор по чекор“, на средба во Охрид. Активностите кои се спроведоа се во рамките на проектот за основно образование на USAID,  финасирано од американската агенција за меѓународен развој и на иницијатива од фондацијата „Чекор по чекор“ од институтот отворено општество и од универзитетот од Кембриџ.

 |  Татјана Маленкова  | 
cekor-po-cekor
чекор по чекор

Наставниците кои во изминативе 5 години беа дел од проектот „чекор по чекор“, на средба во Охрид. Активностите кои се спроведоа се во рамките на проектот за основно образование на USAID,  финасирано од американската агенција за меѓународен развој и на иницијатива од фондацијата „чекор по чекор“ од институтот отворено општество и од универзитетот од Кембриџ. Таа иницијатива беше наречена „Лидество на наставници“ со цел кај наставниците да се потикне иницијатива за да реализираат сопствени проекти кои ќе ја унапредат секојдневната воспитно образовна пракса. „Сакавме да ги оснажниме активностите на наставниците за да можат тие да бидат се подобри во својата работа“, вели директор на фондацијата „чекор по чекор“,Сузана Киранџиска.

„ Како резултат на проектот за основно образование да се направија големи промени но ова е само еден сегмент од целиот прокт за основно образование и тоа се мали чекори, мали проекти кои секој наставик ги избира во зависност од проблемите со кои се соочува во текот на својата работа. И заради тоа овие промени кои ги прават практично се прават со цел да ги оснажниме нив постојано да размислуваат како да ја унапредуваат својата пракса. Сакаме иницијативата за промените да доаѓа од наставниците и по тоа е овој проект значаен заради тоа што на наставниците им даваме верба во себе во своите можности“, вели директор на фондацијата „Чекор по чекор“, Сузана Киранџиска.

cekor po cekorПрокетот се спроведува на активности кои ги прават наставниците работејќи на проблеми кои сами ги одбираат. „Активностите се доброволни и се прават трајни заедници во училиштето со цел да се создаде атмосвера во која наставниците постојано ќе соработуваат, а со тоа ќе разменуваат искуства, а со тоа ќе одат напред“,вели раководителот на сектор во биро за развој на образование, Лилјана Самарџиска Панова.

„ Од наставикот од неговиот ентузијазам, однос кон учениците и кон родителите зависи успехот на секој ученик поединечно. Ја подржуваме секоја иницијатива која се однесува на стручна подршка на наставниците. Организираме различни обуки за наставиците, но овој прокет се разликува по тоа што наставниците се носители на проекти. Креативните наставници и оние кои веруваат во својата работа сега имаат можост  да одберат продукти како што и одбраа да работат и да придонесат на унапредување на проектите и воспитно образовната работа во училиштата“,раководител на сектор во биро за развој на образование, Лилјана Самарџиска Панова.

Со прокетот „Чекор по чекор“ опфатени се 5 компоненти и тоа реновирање на училишта, подобрување на наставата по математика и природна група предмети, подобрување на отценувањето и развој на работните вештини кај учениците.

Ефектите кои се постигнати од овој прект се огромни. Се работи партнерски со бирото за развој на образование, министеството за образование и министерството за информатичко општество“. „Она што го започнавме се надевеме дека ќе биде основа за она што ќе следи следните години“, вели директор на проектот на УСАИД за основно образование, Небојша Мојосвски.

Проектот на УСАИД започна во 2006 год. Имплементација трае до септември месец 2011 септември, но одобрение се уште 5 месеци времена екстензија во која може да се испонат уште неколку зацртани активности.  Со оваа програме беа опфатени  сите училиште во Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top