Дали Македонија ги следи европските туристички стандарди?

Македонија е посебна турситичка дестинација на која и е неопходен индивудален модел, велат од Туристичката комора на Македонија.

 |  Крсте Голабовски  | 
seminar
seminar

Македонија е посебна туристичка дестинација.  Македонија мора да има посебна понуда, посебни туристички производи и тоа никако не сме да биде копија на нешто, велат туристичките експерти. Искуствата од надвор, кои се однесуваат на регулатвивата и стандардизацијата се драгоцени според начинот на кој институциите од туристички развиените земји и региони се поставени, и е добро да се гледа на нив како на паралела и компарација. Во нашата земја туристичката фела и останатите фактори треба да се организираат така, да имаме еден партнер една асоцијација едно тело, да знаме кого да адресираме, вели Шофкет Азари од Министерството за економија.

„Ако ние во сегашната состојба имаме три стопански комори, со по еден сектор за туризам, четири туристички комори и други асоцијација, значи дефакто, не знаеме кој е точно компетентен. Но соформирањето на комитетот на ниво на министерство ќе се решат овие проблеми“, вели Азари.

Од Туристичката комора на Македонија пак не се согласни со овој став и се против централизацијата на управувањето со оваа стопанска гранка. Вања Сефковска, член на УО на комората вели дека Моделот ние треба да го избереме, имаме туристички комори, но тоа не е лошо. Само за пример во регионот Саксонија во германија има 10, додава Стефковска.

seminar„Не ние сме компактни, се разбира ние нема да се согласиме со тоа што смета министерството.Нив можеби им е полесно да не гледаат компактни, нас како сектор, искуствата од надвор ни кажуваат дека асоцијации големи постојат секаде. Тоа е остаток од социјализмот, нешто неверојатно како ние размислуваме, дека треба да имаме една комора и една асоцијација.Тоа не е точно“ потенцира Стефковска.

Стефкоска објаснува дека имаме стратегија за туризам која уште неколку години е валидна, после треба да се изработи нова, потребен е мастер план и итна анализа. Имаме ли ние кадар да рабти во туризмот, а ако немаме дали од постоечката невработена работна сила која е со средно образование со форми на едукација и тренинзи и неформално образование можеме да ја формираме конечно истата. Околу оваа проблематика, експертите од туризмот дискутираа на работилницата, која се одржа во „Инекс“ хотелот во Охрид на тема „Имплементација и развој на стандардите и регулативата во туризмот“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top