Ознака: натпревар

Евентуални два погодоци на Меси ќе го прекине Ел Класико на неколку минути

Post Views: 3 Реал Мадрид и Барселона денес ќе го одиграат 183-то Ел Класико во Примера, а Луис Суарез се враќа на теренот по повеќемесечна казна. Реал досега славел во 77 меѓусебни средби, Барселона во 66, а 32 натпревари завршиле нерешено. И денес ќе бидеме сведоци на уште еден легендарен спектакл. Ел Класико ќе го одбележат и неколку играчи кои за прв пат ќе играат во ваков натпревар. Трите ѕвезди на Реал, Крос, Родригез, и Чачарито од една страна и Суарез, Ракитиќ, Матие и Браво од друга. Посебно внимание привлекува уругвајскиот напаѓач на кого му истече казната на Уефа поради...

Continue reading

Одложена е одлуката на Уефа за натпреварот Србија-Албанија

Post Views: 3 Уефа требаше во текот на денешниот ден да донесе одлука за прекинатиот квалификациски натпревар во Белград, но тоа е пролонгирано за петок. Уефа во петок ќе донесе одлука, но треба да се нагласи дека ова нема да биде одлука за евентуалните казни за српскиот и албанскиот фудбалски сојуз Можни се четири сценарија за расплет на натпреварот. Победник со службен резултат за Србија или Албанија, во зависност кого Уефа ќе го обвини за неодигрувањето на натпреварот. Може да се повтори натпреварот во Белград без присуство на гледачи, а може натпреварот да се одигра и на неутрален...

Continue reading

Платини за срамотилакот во Белград

Post Views: 9 Претседателот на Уефа, Мишел Платини, уште еднаш се осврна на случувањата на прекинатиот натпревар Србија – Албанија. Србија и Албанија ги очекува тешка казна од Уефа. Прашање е само кој ќе помине полошо, а најверојатно Србија бидејќи во неколку години нивните навивачи направија неколку тешки инциденти. Но, Албанците се лажат ако мислат дека ќе поминат неказнето бидејќи изведоа акција која вклучуваше беспилотно летало и екстремистичко знаме на таканаеречената “голема Албанија” која вклучува делови на Црна Гора, Србија, Грција и Македонија. “Го чекаме извештајот на судиите,...

Continue reading

На повидок нов скандал во шпанска Примера

Post Views: 1 Повеќе од 20 фудбалери на протагонистите на натпреварот Леванте-Сарагоса од  јуни 2011 година се повикани на разговор во шпанската канцеларија за борба против организиран криминал, поради сомнение за местење натпревар. Имено, како што пренесуваат шпанските медиуми постои основно сомнение дека натпреварот кој завршил со победа на Сарагоса од 2-1 е наместен гостите да ги освојат важните бодови за опстанок во Примера. Таа ноќ во Валенсија допатувале илјадници навивачи на Сарагоса кои го славеле останувањето во лигата. Канцеларијата за корупција, за време на истрагата, ги...

Continue reading

Шпанија завиена во црно

Post Views: 0 Шпанската непобедлива репрезентација доживеа шок. Браќата Гасол и друштвото не само што нема да го играат долго сонуваното финале со САД, туку нема да освојат ниту медал. Такво нешто ни во лудило не очекуваа. Ослабената Франција без Паркер приреди првокласна сензација победувајќи ја со 65-52, во последните неколку години, најсилната генерација на стариот континент. Иако Французите се европски прваци и минатата година по прв пат ја совладаа Шпанија  во еден голем натпревар, победата во четвртфинале спаѓа во сосема друга категорија. Разликата е во тоа што на ова Светско...

Continue reading

Фудбалската правда е задоволена

Post Views: 1 Фудбалерите на Зенит, Порто, Марибор, Апоел и Бате Борисов изборија пласман во фудбалската Лига на шампиони. Најголемото изненадување на вечерта го приредија фудбалерите на Марибор кои во Глазгов победија со 1-0 и по 1-1 во првиот натпревар изборија вкупна победа и пласман во Лигата на шампиони. Со тоа е задоволена фудбалската неправда со која административно беше елиминирана Легија од Варшава од истиот анемичен Селтик, иако Легија на терен го потопи со вкупен резултат од 6-1. Голот на одлука го постигна Бразилецот Таварес во 75 минута и така Марибор по втор пат во историјата...

Continue reading

Фудбалскиот натпревар помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово ќе се игра без присуство на публика

Post Views: 6 Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека се преземени сите потребни мерки за беспрекорна организација и одигрување на фудбалскиот натпревар од полуфиналето од Лигата на Нации помеѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и Косово на 8-ми октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. МВР, во рамки на своите надлежности, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија и другите надлежни органи, постапува по однос на обезбедување на сигурноста на учесниците. Преземени се сите мерки и активности за гарантирање на безбедноста...

Continue reading

Голема провокација на Аргентинците

Post Views: 2 Аргентинските фудбалери во саботниот натпревар против Словенија, упатиле нова провокација кон Англија. Имено, пред натпреварот во ЛаПлата, гаучосите на терен извадиле транспарент на кој била пораката: “Фолкландските острови се аргентински”. Прашање е како на ова ќе реагира ФИФА која е изнимно чувствителна на политички пораки на фудбалските терени. Фолкландските острови или Малвини, како што ги нарекуваат Аргентинците, од 1833 године се во посед на Велика Британија. Но, бидејќи се наоѓаат пред брегот на Аргентина, тие ги сметаат за свои, а поради тоа во 1982 година двете...

Continue reading

Гладијаторите подготвени за утрешниот натпревар против Прилеп

Post Views: 1 По 6 кола на добри игри и резултати охридските Гладијатори западнаа во резултатска криза што моментално ги оддалечува од целта, пласман во Суперлигашкиот плејоф. Така овие 10 дена играчите ги искористија да се одморат и со нови сили да тргнат кон победи. Пред тешките гостувања кај втората екипа на Еурофарм и Тиквеш три бода се очекуваат утре на дуелот против Прилеп.  Се рестартиравме овие 10 дена и заборавивме на поразите. На табелата не можевме да заборавиме бидејќи загубивме 9 бодови. Имавме две тешки гостувања, но мислам дека екипата е подготвена и свежа и до крајот...

Continue reading

Светски раритет во светот на фудбалот

Post Views: 2 Шкотската престолнина Единбург во иста сезона остана без двата клуба во највисокиот ранг на натпреварување. Откако, многу порано испадна Хартс, вчера истото му се случи и на Хиберниан, кој во возвратниот натпревар пред своите навивачи доживеа катастрофа и покрај тоа што имаше предност од 2-0 од првиот натпревар. Двата ривали сега се во понизок ранг. Хартс прв пат по 23 години, а Хиберниан по 15 години. Нивното ривалство е едно од најстарите во фудбалскиот свет, бидејќи за прв пат се сретнале на Божик 1875 година, а досега одиграле 615 дерби натпревари. Следната година...

Continue reading

Лудило во Лисабон

Post Views: 3   Точно 19 дена пред отварањето на Светското првенство во Сао Паоло, во Лисабон ќе биде кулминацијата на клупската сезона – финалето во Лигата на шампиони помеѓу двата мадридски тима Реал и Атлетико.Саботната пресметка на Луж ќе биде петто финале во историјата на Лигата на шампиони во кое ќе играат тимови од иста земја, но прв пат доаѓаат од ист град.Реал во Лисабон оди по десеттата круна – „decima„ прва по 12 години, додека Атлетико ќе го лови својот првенец во елитното друштво по своето досегашно едно финале во 1974 година кога изгуби од Баерн Минхен.Реал...

Continue reading

Проблеми за Реал и Атлетико пред мечот во Лисабон

Post Views: 8 Атлетико Мадрид ја освои титулата во Шпанија по прв пат после 18 години чекање, но тоа го чинеше две големи повреди на своите играчи пред финалето во Лигата на шампиони за седум дена. Во Лисабон Атлетико ќе игра против својот градски ривал, Реал, за титулата европски шампион. Моментално за тој натпревар под знак прашање се првиот стрелец на тимот, Диего Коста, и одличниот играч за врска Арда Туран. Двајцата на гостувањето кај Барселона го напуштија теренот во првото полувреме, Коста поради повреда на задната ложа, а Туран поради повреда на колкот. Моментално нема информации...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top