Ознака: натпревар

Деби од соништата

Post Views: 3 Во ноќта кога еден од клупските великани можеби го одигра својот последен натпревар, се роди нова ѕвезда на Олд Трафорд. Рајан Гигс го одигра можеби својот последен натпревар за црвените ѓаволи, иако треба службено да го потврди своето заминување, но тоа беше ноќ во која Гигс им даде прилика на младите играчи, а тоа со задоволство го врати 18 годишниот Џејмс Вилсон. Дебитантот Вилсон одлично се снајде, два пати се запиша во листата на стрелци и стана четврт најмлад играч на Манчестер во Премиер лигата. Не е лошо за момче кое не било ни родено кога Гигс го освоил првиот...

Continue reading

Мурињо пратил порака до челниците на Челзи

Post Views: 6 По бункерот над сите бункери со кој Мурињо повторно се претстави на светот, на пресот бил многу поактивен. “Чудесно го запревме Атлетико. Сакавме да победиме со 5-0, но не одеше”, рекол Мурињо за натпреварот во кој Атлетико имаше дури 26 удари на гол. Некои ќе речат дека Мадриѓаните не створија ниту една чиста прилика за гол, но дали е можно да се создаде прилика кога противникот се брани со 10 играчи. Како било, Мурињо веќе почнал психички да ги припрема своите играчи за возвратниот натпревар. “Ќе го играме натпреварот на животот, за нас тоа е финале пред финалето....

Continue reading

„Во голема мерка го почитуваме Флензбург“

Post Views: 2 Вардарци веќе се во Германија, каде што ги одработуваат последните тренинзи во пресрет на првиот четвртфинален натпревар против Флензбург, кој што е закажан за денес од 19.00 часот. Средниот бек во “црвено-црниот” состав Игор Карачиќ смета дека дуелот со Флензбург ќе биде сосема поразличен од тој против Хамбург, пред се поради начинот на игра на двете екипи. “Ние во голема мерка го почитуваме Флензбург, кој првенствено е навистина добро координиран тим, предводен од својот тренер Љубомир Врањеш. Хамбург беше индивидуално посилен тим и против нив така и се подготвувавме,...

Continue reading

Може ли ПСЖ без Ибрахимовиќ да ја дозаврши работата

Post Views: 2 ПСЖ доаѓа на возвратен натпревар кај Челзи со предност од 3-1, но Парижаните не можат да сметаат на Златан Ибрахимовиќ, својот најдобар играч кој се повреди на првиот натпревар. Езекиел Лавеци е уверен дека ПСЖ може да го победи тимот на Мурињо и без “најдобриот играч на светот“. „Секако дека ќе недостасува, тој е голем фудбалер кој играл многу големи натпревари, но ние докажавме дека може да се победи Челзи и без него“, порачува Лавеци. „Мораат да нападнат, тоа е јасно, но нема да им биде лесно. Се знае дека нивниот стил е одбрамбен, застануваат во блок и чекаат контра,...

Continue reading

Дали е ова крај на една блескава кариера

Post Views: 6 Неодамна најави дека сеуште не донесол конечна одлука околу завршувањето на кариерата, но Ивано Балиќ порача дека или ќе прекине или ќе одигра уште една сезона за германскиот Wetzlar. На натпреварот против Minden, Балиќ ја напуштил играта веќе во 10 минута, а подоцна тамошните медиуми напишаа дека се работи за скинат лист од десната нога. Повредата на тој мускул, на ракометниот Моцарт, го мачела и од порано, а оваа вест би можела да значи и дефинитивен крај за кариерата. Оваа сезона дефинитивно нема да заигра повторно, а ќе видиме дали овој несреќен натпревар ќе му биде...

Continue reading

Извлечени двојките во Лига на шампиони и Лига Европа

Post Views: 4 Парови за четвртфиналето во Лига на шампиони се: Барселона – Атлетико Мадрид Реал Мадрид – Борусија Дортмунд ПСЖ – Челзи Манчестер Јунајтед – Баерн Барселона и Атлетико играат за прв пат еден европски натпревар, ПСЖ и Челзи се состанале само еднаш во двомеч, Реал и Дортмунд досега одиграле осум пати меѓусебе, додека Баерн и Манчестер се сретнале девет пати од кои едно финале во 1999 година. Финалето во Лига на шампиони е на 24-мај во Лисабон. Парови за Лига Европа се: АЗ Алкмар – Бенфика Олимпик Лион – Јувентус Базел – Валенсија Порто – Севиља Финалето од Лига Европа...

Continue reading

Европскиот шампион во Скопје

Post Views: 2 Утре во Скопје пристигнува делегацијата на актуелниот европски шампион Хамбург, противник на македонскиот првак во осминафиналето од Лигата на шампионите. Екипата која беше најуспешна во групата “Д“ од претходната фаза во ЛШ, во која освои 18 бода, најмногу од сите 24 клубови во досегашната сезона. Хамбург имаше 9 победи, што не го постигна ниту една екипа во сите 4 групи, во кои забележа 5 победи на домашен, и 4 на гостински терен. По двапати ги поразија Словенечкиот Горење Велење, Алборг од Данска, Натурхаус Ла Риоха од Шпанија и Дрот Халмштад од Шведска, а еднаш бундеслигашкиот...

Continue reading

Скандал во Лигата на шампиони

Post Views: 8 Зенит победи со 2-1 во возвратниот натпревар во осмина финалето од Лигата на шампиони, но тоа не беше доволно за да одат понатаму. Борусија славеше во С.Петерсбург со 4-2 и на својот стадион, иако поразени го потврдија пласманот во четвртина финалето. На синоќешниот натпревар од Лигата на шампиони во Дортмунд, навивачите на Зенит се потрудија да фрлат сенка врз своите фудбалери и на се што се однесува на фудбалот. Дортмунд вчера вечер го посетиле и руски хулигани. Тие од Зенит се едни од најпознатите, а оваа сезона веќе правеле нереди и вон стадионите на натпреварите...

Continue reading

лого

Уште 100 дена до Мундијалот во Бразил

Post Views: 4 На точно 100 дена до почетокот на Светското првенство во фудбал работите и не се одвиваат баш според планот во Бразил. Поточно, Бразил како домаќин далеку ги пречекори роковите зададени од страна на Меѓународната фудбалска организација, нешто што само по себе ја повлекува загриженоста за тоа дали сè ќе успее да се заврши и тестира до почетокот на Мундијалот.ФИФА од Бразил побара сите 12 стадиони на кои ќе се игра СП да бидат готови до крајот на декември минатата година со цел да има доволно време тие да бидат тестирани. Стадионот во Сао Пауло, каде што треба да се одигра...

Continue reading

ОУТУ „Ванчо Питошески“, домаќин на државниот натпревар „ЛИДЕР“

Post Views: 12 Охрид денес домаќин во презентација на знаењата во угостителството и туризмот. Се одржа третиот по ред државен натпревар „Лидер“, кој е во органиација на Центарот за стручно образование и обука, а пот патронат на Министерството за образование и наука на РМ. на натпреварот учествуваа и ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“, кои воедно и беа домаќини на овој интересен настан. „Нескромно можеби да го пофалам дека навистина организацијата е одлична и засега натпреварот тече извонредно“ вели Чедо Димовски советник – Центар за стручно образование и обука. Денес ученици...

Continue reading

Ван Перси ги обвини соиграчите

Post Views: 6 Олимпијакос има големи 2-0 за возвратниот натпревар на Олд Трафорд за две недели. “Ова е најлошиот натпревар кој сме го одиграле во Европа оваа сезона. Не заслуживме ништо повеќе од ова што ни се случи. Изненаден сум, не очекував вакво нешто. Ја превземам целата одговорност за ваква изведба. Мораме да играме подобро. Гледам дека и играчите се погодени со овој пораз”, рекол Дејвид Мојс, кој е на удар на жестоки критики. “Единствена добра вест во целата приказна е дека има возвратен натпревар. Ќе направиме се што може за да се надокнади овој заостаток. Олд Трафорд видел...

Continue reading

Се одржа општинскиот натпревар „Млади библиотекари“

Post Views: 0 Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид во петокот се одржа традиционалниот општински натпревар „Млади библиотекари“. И во услови на Ковид-19 со почитување на сите протоколи библиотеката се покажа како добар домаќин. Се натпреваруваа осум ученици подготвени од менторите: Валентина Рубаноска од ООУ „Св. Наум Охридски“ Пештани, Санте Миткова од ООУ „Христо Узунов“, Наташа Митреска ООУ „Григор Прличев“, Емилија Блажеска од ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец и Снежана Стојаноска од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти. Тестирањето по претходно подготвени прашања...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top