Може ли ПСЖ без Ибрахимовиќ да ја дозаврши работата

На Челзи му е потребна победа од два разлика без примен гол

 |  инфодеск  | 

ПСЖ доаѓа на возвратен натпревар кај Челзи со предност од 3-1, но Парижаните не можат да сметаат на Златан Ибрахимовиќ, својот најдобар играч кој се повреди на првиот натпревар.

Езекиел Лавеци е уверен дека ПСЖ може да го победи тимот на Мурињо и без најдобриот играч на светот“.

„Секако дека ќе недостасува, тој е голем фудбалер кој играл многу големи натпревари, но ние докажавме дека може да се победи Челзи и без него“, порачува Лавеци.

„Мораат да нападнат, тоа е јасно, но нема да им биде лесно. Се знае дека нивниот стил е одбрамбен, застануваат во блок и чекаат контра, но сега мораат да дадат два гола ако сакаат да поминат понатаму, ќе мораат да се отворат. Ние не мислиме да се браниме, јасно, ќе играме паметно, но мораме и ние да постигнеме гол“, открива Лавеци.

„Ако сакаме да одиме понатаму, мораме да постигнеме повеќе голови од нив. Можно е на крајот да е резултатот 4-3 или 5-4. Јас верувам, и моите играчи веруваат, тоа е најважно во моментов“, порачува Мурињо од чија најава може да се заклучи дека Челзи ќе јуриша на голот на ПСЖ, но историјата кажува дека зборовите на Португалецот не треба да се земаат здраво за готово.

Веројатни состави:

Челзи – Чех, Ивановиќ, Кејхил, Тери, Аспиликуета, Давид Луиз, Лампард, Шурле, Оскар, Азар, Торес.

ПСЖ – Сиригу, Ван дер Вил, Алекс, Тиаго, Максвел, Верати, Мота, Матуиди, Лукас, Кавани, Лавеци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top