Ознака: натпревар

Zlatan Ibrahimovic

Ибрахимовиќ ќе одмара два меча

Post Views: 4 Најдобриот играч на ПСЖ ќе ги пропушти реваншот против Валенсија и првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони доколку клубот од Париз мине понатаму. Дисциплинската комисија на УЕФА го суспендира голгетерот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ на два натпревара заради исклучувањето на првиот осминафинален дуел од ЛШ против Валенсија.Ибрахимовиќ заработи директен црвен картон во победата на Местаља од 2:1 на 12. февруари, откако стартуваше над Андрес Гвардадо.„Изненаден сум со оваа одлука. Јас веќе бев шокиран кога Ибрахимовиќ беше исклучен, сметам дека престрого заработи...

Continue reading

Nikola Karabatic

Карабатиќ повторно пред суд

Post Views: 5 Францускиот ракометар Никола Карабатиќ сослушан е вчера пред судот околу случајот со обложувањето на натпревар на својот Монпеље на крајот од минатата сезона. Еден од најдобрите светски ракометари го повтори сведочењето од претходно повторно отфрлајќи ги наводите дека се обложувал, и покрај тоа што француските медиуми изминативе недели презентираа наводни докази кои го демантираат тоа.Карабатиќ пред судот се појави заедно со својот адвокат и искажа разочарување што поедини тајни детали од истрагата се појавиле во јавноста. „Се мина во најдобар ред. Ниту еден момент не...

Continue reading

natprevar angliski

Деветти по ред натпревар по англиски јазик во колеџот „Јахја Ќемал“

Post Views: 2 Деветти по ред натпревар по англиски јазик во приватното средно училиште „Јахја Ќемал“ од Струга. На него учество годинава зедоа околу 210 ученици од основните училишта од Охрид, Дебрца, Струга, Ресен, Дебар, Демир Хисар, Кичево, Центар Жупа, Вевчани, Пласница и Другово. „Целта на организирање на овие натпревари е да се влијае на развојот на образованието и науката во нашето општество. Исто така на учениците ко освојуваат добри места, на првите десет им поделуваме стипендии. Првото место на пример освојува 90 проценти попуст од школарината за запишување во „Јахја Ќемал“...

Continue reading

Гладијаторите се фаворити на утрешниот натпревар против Вардар Јуниор

Post Views: 0 Ракометарите на Охрид утре на домашен терен ќе го одиграат четвртиот натпревар од Супер лигата против Вардар Јуниор. Гладијаторите се фаворити во овој дуел, но тоа ќе треба да го потврдат на терен. Ја бараат поддршката од своите навивачи и ветуваат уште една добра спортска претстава во СРЦ Билјанини Извори. „Сигурно ќе играме одбрана 6:0. Јака одбрана, цврста како и на досегашните три натпревари. фаворити сме. Треба да ја оправдаме таа улога и  да им дадеме шанса на помладите да играат и тие. “– изјави Борче Соколов. Натпреварот против Врадар Јуниор е шанса за...

Continue reading

Охрид е домаќин на државниот натпревар во подготовка на коктели

Post Views: 7 Дваесетина бармени од земјава во охридскиот бар Куба Либре ќе се натпреваруваат во подготовка на коктели на државниот „Вигор бармен куп“. Со својата инвентивност во подготовката на освежувачките долги пијалоци тие треба да внесат своја креативност и да покажат дека се најдобри. Бармен купот е под покровителство на хрватскиот бренд Бадел и се одржува веќе 10 години. На почетокот Македонија имала повеќе бармени , но сега нивниот број е преполовен , вели Јане Јанев од „Вигор Бадел“. „ Во Европа се подобрува коктел културата и се повеќе платени, а овде бармените не гледаат...

Continue reading

Андоноски : РК Охрид – РК Бутел натпревар на сезоната

Post Views: 1 Подновениот состав на охридскиот ракометен клуб утревечер ќе го има првиот настап пред домашната публика во натпреварот од второто коло од машката ракометна супер лига против РК Бутел – Скопје. 90% од екипата се нови играчи, имаме целосно нова бековска линија, потребно ќе ни биде време да се уиграме, вели капитенот на РК Охрид, Крсте Андоноски. Атмосферата во екипата е на многу високо ниво бидејќи оваа година ги имаме сите неопходни услови за нормално функционирање на еден клуб. Не очекува тежок и неизвесен натпревар но се помалку од победа не е опција за нас, вели Андоноски. „Квалитетот...

Continue reading

huligani

Хулигани во Косово го запалија македонското знаме

Post Views: 6 Македонското знаме гореше на фудбалскиот натпревар помеѓу Лепенци и Дрита, во рамките на косовската Суперлига. Хулиганите потоа истакнале и транспарент на кој пишувало, „2012 година не е крај на светот, туку крај на Македонија“. Ова не е првпат навивачите во Косово да го запалат македонското знаме. Тоа го направија и во 2009 година, кога беше издадена македонската енциклопедија. Фудбалската федерација на Косово не е признаена ниту од ФИФА, ниту од УЕФА, а со тоа и нивната лига е, всушност, „рекреативна“. Ова би значело дека за вакви провокации не може да има санкции...

Continue reading

Toshak

Повеќе или помлаку, подготвени

Post Views: 2 Македонската фудбалска репрезентација ќе настапи во ослабен состав на пријателскиот натпревар во вторник, против репрезентацијата на Албанија. Селекторот Џон Тошак информира дека е разочарувачки што повторно недостигаат пет важни играчи, Новески, Попов, и секако Пандев кој одиграл само еден натпревар откако на чело на репрезентацијата е Тошак. Селекторот се надева дека  Ибраими ќе им се приклучи во недела за натпреварот. Стратегијата со која ќе настапат ке се знае еден ден пред натпреварот, открива селекторот Тошак. „ Покрај овие пет играчи кои недостасуваат и се под...

Continue reading

zeni

Јави се јужна…Јужна си ги лакира ноктите

Post Views: 4 Турските фудбалски клубови чии навивачи ќе прават хаос на натпреварите, ќе бидат казнети со играње натпревар исклучиво пред жени и деца.Тоа значи дека досегашниот принцип на казнување со играње натпревар пред празни трибини, ќе биде заменет со забрана за присуство на машки навивачи постари од 12 години. Според новото правило на Турската фудбалска асоцијација, пред да бидат пуштени на влезот, децата ќе мора да се легитимираат. “По оваа одлука, која е прва во светот на фудбалот, нема да има штама и невозбодуливи натпревари одиграни без публика. Промената ќе ги натера...

Continue reading

antic

Амбициозно во втората фаза

Post Views: 7 Македонската кошаркарска репрезентација веќе е на пат кон Вилнус, каде што ќе ги продолжи натпреварите од втората фаза на Европското првенство во Литванија. Избраниците на Докузовски синоќа против Босна и Херцеговина ја забележаа четвртата победа на Евробаскетот. Селекторот смета дека и во оваа победа повторно клучна била одбраната. „Иако можеше да се почувствува замор кај играчите на двете екипи, сметам дека одигравме добар натпревар, што беше решен пред сè поради нашата добра одбрана“, изјави Докузовски по вчерашниот натпревар. Фаворизираните репрезентации на Црна...

Continue reading

Децата од предшколска група од охридските и струшките градинки имаа спортски натпревар

Post Views: 7 Се одржаа спортски игри помеѓу децата од предучилишна возраст од охридските и струшките градинки. Децата се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини со топки и влечење јаже. Навиваа и спортуваа, а нивните лица кажуваа колку се среќни . Денешниот спортски настан е дел од проектот за ран детски развој и здрави животни навики , посочува Мери Рилкоска директор на детската градинка Јасна Ристеска. На овој начин се развиваат локомоторните вешини, натпреварувачкиот дух и сите деца се победници, вели Рилкова. Таа додава дека во детските градинки се посветува големо внимание...

Continue reading

Традиционален натпревар по прва помош

Post Views: 0 Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа и каде ли уште не. Во таквите ситуации правилното укажување прва помош значи спасување човечки живот. Во рамките на своите активности во делот на првата помош Црвен крст- Охрид го организира традиционалниот, 47ми по ред, Општински натпревар. На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ги покажаа повеќе од 250 ученици-натпреварувачи од сите основни и средни училишта од Охрид и Дебарца, организирани во екипи во категорија...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top