Амбициозно во втората фаза

Македонската кошаркарска репрезентација веќе е на пат кон Вилнус, каде што ќе ги продолжи натпреварите од втората фаза на Европското првенство во Литванија. Избраниците на Докузовски синоќа против Босна и Херцеговина ја забележаа четвртата победа на Евробаскетот.

 |   | 
antic
Антиќ

navivaciМакедонската кошаркарска репрезентација веќе е на пат кон Вилнус, каде што ќе ги продолжи натпреварите од втората фаза на Европското првенство во Литванија. Избраниците на Докузовски синоќа против Босна и Херцеговина ја забележаа четвртата победа на Евробаскетот. Селекторот смета дека и во оваа победа повторно клучна била одбраната. „Иако можеше да се почувствува замор кај играчите на двете екипи, сметам дека одигравме добар натпревар, што беше решен пред сè поради нашата добра одбрана“, изјави Докузовски по вчерашниот натпревар.

DokuzovskiФаворизираните репрезентации на Црна Гора и Хрватска си одат дома со наведнати глави, исто како и БиХ, а Македонија, заедно со Грција и Финска, продолжува во групата Ф, каде што ќе ги одмери силите со Грузија, Словенија и Русија. Шансите за пласман во четвртфиналето се многу големи, бидејќи во втората фаза стартуваме со четири бода поради победите против Скандинавците и нашиот јужен сосед. Докузовски е оптимист пред овие натпревари, но смета дека репрезентацијата мора да се води според планот што ја одведе до втората фаза.

Mekejleb „Не сакаме прерано да размислуваме како до пласман меѓу најдобрите. Планот останува да одиме од натпревар во натпревар, како што правевме досега. Сметам дека играме одлична кошарка, дека состојбата на тимот е на многу високо ниво и поради тоа, амбициозно гледам на продолжението на првенството. Тука нема слаби екипи, па како досега, така и понатаму, максимумот мораме да го даваме на секоја средба“, заврши сега веќе најуспешниот селектор во историјата на македонската кошарка.
Нашите херои сега имаат два дена да ги наполнат батериите и добро да се подготват за новите предизвици што ги носи втората рунда. Пласманот тука претставува огромен успех за македонскиот спорт, а евентуален пласман во четвртфиналето би бил остварување на најголемиот сон на нашите кошаркари. На роденденот на татковината, кошаркарите би можеле да го направат првиот историски исчекор, а каков само подарок би било тоа за нас Македонците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top