Охрид е домаќин на државниот натпревар во подготовка на коктели

Охрид е домаќин на државниот  натпревар во подготовка на коктели. Дваесетина  најдобри бармени ќе ја покажат својата инвентивност и вештини во подготовката  на коктели. Од година в година на ваквите натпревари  македонски бармени покажуваат дека  се носат рамо до рамо со европските колеги , но се  почесто заминуваат во странство каде што повеќе се цени барменството.

 |  Валентина Неловска  | 

Дваесетина бармени од земјава во охридскиот бар Куба Либре ќе се натпреваруваат во подготовка на коктели на државниот „Вигор бармен куп“. Со својата инвентивност во подготовката на освежувачките долги пијалоци тие треба да внесат своја креативност и да покажат дека се најдобри. Бармен купот е под покровителство на хрватскиот бренд Бадел и се одржува веќе 10 години. На почетокот Македонија имала повеќе бармени , но сега нивниот број е преполовен , вели Јане Јанев од „Вигор Бадел“.

„ Во Европа се подобрува коктел културата и се повеќе платени, а овде бармените не гледаат иднина.Сите овие години создадовме добар кадар , придонесовме за подигање на ниворо на коктел културата во Македонија, но повеќето заминаа. Се надеваме дека сопственците ќе преземат нешто да се сопре одливот на кадар. Недостaток од бармени има посебно во лето во Охрид“, вели Јанев.

Жири судиите кои ќе ја одценуваат креативноста и вештините на македонските бармени доаѓаат од Хрватска. Судиите кои ќе го следат натпреварувачкиот дел се потврдени бармени. Напоменуваат дека со години го следат развојот на барменската култура во Македонија.

„ Од година в година на ваквите натпревари македонски бармени покажуваат дека се носат рамо до рамо со светските колеги. Денес кога се е достапно на интернет и се е поврзано, истата работа е иста во Скопје, Париз или Загреб или на било кое друго место во светот,“ вели Манце судија и бренд амбасадор за Бадел.

Барменската култура во земјата расте, а кадарот заминува од Македонија. Бремните се жалат дека сопствениците на локалите немаат слух за да ги нудат коктелите во своите угостителски објекти. Така квалитетните бармени во потрага по подобри услови се почесто заминуваат во странство. Во европските земји повеќе се цени барменството, а многу се повисоки и дневниците , напоменуваат бармените.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top