Уште 100 дена до Мундијалот во Бразил

На точно 100 дена до почетокот на Светското првенство во фудбал работите и не се одвиваат баш според планот во Бразил.

 |  Голабовски Крсте  | 
лого
logo

На точно 100 дена до почетокот на Светското првенство во фудбал работите и не се одвиваат баш според планот во Бразил.

логоПоточно, Бразил како домаќин далеку ги пречекори роковите зададени од страна на Меѓународната фудбалска организација, нешто што само по себе ја повлекува загриженоста за тоа дали сè ќе успее да се заврши и тестира до почетокот на Мундијалот.
ФИФА од Бразил побара сите 12 стадиони на кои ќе се игра СП да бидат готови до крајот на декември минатата година со цел да има доволно време тие да бидат тестирани.

Стадионот во Сао Пауло, каде што треба да се одигра премиерниот натпревар, веројатно нема да биде во целост готов и пуштен во употреба до мај годинава, месец дена пред почетокот на Мундијалот.

Покрај тоа, стадионот во Куритиба толку е зад предвидениот рок што до неодамна имаше реална опасност градот да биде избришан од мапата за одигрување на средби од СП 2014.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top