Проблеми за Реал и Атлетико пред мечот во Лисабон

Анчелоти проговори за повредата на Роналдо

 |  инфодеск  | 

Атлетико Мадрид ја освои титулата во Шпанија по прв пат после 18 години чекање, но тоа го чинеше две големи повреди на своите играчи пред финалето во Лигата на шампиони за седум дена.

Во Лисабон Атлетико ќе игра против својот градски ривал, Реал, за титулата европски шампион. Моментално за тој натпревар под знак прашање се првиот стрелец на тимот, Диего Коста, и одличниот играч за врска Арда Туран.

Двајцата на гостувањето кај Барселона го напуштија теренот во првото полувреме, Коста поради повреда на задната ложа, а Туран поради повреда на колкот. Моментално нема информации за колку тешки повреди се работи, но јасно е дека не би излегувале од игра, во натпревар за титула во Шпанија, доколку не се работи за посериозни повреди.

Од друга страна Кристијано Роналдо го пропушти и последниот натпревар од 38 коло на шпанската примера против Еспањол, но се чини дека би бил спремен за големото финале во Лигата на шампиони. Тој се повреди во заостанатиот натпревар против Ваљадолид и оттогаш не игра. Требаше да заигра против Еспањол, и иако излезе на загревање, на крајот сепак заврши во соблекувалната. Сепак, пред големото финале, реаловиот тренер Анчелоти ги смирил навивачите со својата изјава.

“Роналдо не се чувствуваше лагодно пред натпреварот и покрај добрата работа на тренингот, па затоа не смееме да ризикуваме. Направивме тестови и најверојатно се работи за мал грч. Мирни сме затоа што има време за опоравување”, рекол Анчелоти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top