Голема провокација на Аргентинците

Провокација упатена кон Англија

 |  инфодеск  | 

Аргентинските фудбалери во саботниот натпревар против Словенија, упатиле нова провокација кон Англија.

Имено, пред натпреварот во ЛаПлата, гаучосите на терен извадиле транспарент на кој била пораката: “Фолкландските острови се аргентински”. Прашање е како на ова ќе реагира ФИФА која е изнимно чувствителна на политички пораки на фудбалските терени.

Фолкландските острови или Малвини, како што ги нарекуваат Аргентинците, од 1833 године се во посед на Велика Британија. Но, бидејќи се наоѓаат пред брегот на Аргентина, тие ги сметаат за свои, а поради тоа во 1982 година двете земји завојуваа. Аргентина тогаш ги завзеде Малвини, но Велика Британија ја доби војната и повторно воспостави суверенитет над островите.

Имено, ваков транспарент со оваа порака знаел да се појави и порано пред натпревар на Аргентина, но во предвечерјето на Светското првенство секако дека привлекува поголемо внимание.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top