Светски раритет во светот на фудбалот

Земја каде втората лига ќе биде посилна од првата

 |  инфодеск  | 

Шкотската престолнина Единбург во иста сезона остана без двата клуба во највисокиот ранг на натпреварување. Откако, многу порано испадна Хартс, вчера истото му се случи и на Хиберниан, кој во возвратниот натпревар пред своите навивачи доживеа катастрофа и покрај тоа што имаше предност од 2-0 од првиот натпревар.

Двата ривали сега се во понизок ранг. Хартс прв пат по 23 години, а Хиберниан по 15 години. Нивното ривалство е едно од најстарите во фудбалскиот свет, бидејќи за прв пат се сретнале на Божик 1875 година, а досега одиграле 615 дерби натпревари. Следната година ќе се среќаваат во втората лига, но останува фактот дека се работи за најголеми клубови, секако по Ренџерс и Селтик.

Со фактот дека од оваа година и Глазгов Ренџерс се промовира од трета во втора лига,  се доаѓа навистина до раритетна ситуација каде втората лига има вкупно 62 наслови првак на Шкотска а сите останати 56 од кои 45 има Селтик, а може да му се додаде уште една бидејќи ќе нема вистинска конкуренција во првата лига на Шкотска.

Сите три големи тимови, Ренџерс, Хартс и Хиберниан, имаат огромна поддршка од навивачите, кои на крајот можат да ги спасат своите тимови од финансиските проблеми. Доказ за ова е фанатичното следење од 40 илјади навивачи на сите натпревари против разни провинцијалски тимови од четвртата и третата лига во последните две сезони. Фановите на Хартс со евентуално превемање би го спасиле клубот, додека Хибернианс ќе се обиде да го спасува клубот со бркање на неспособната управа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top