Ознака: направи

atletika

Завршни подготовки за 28-от Охридски атлетски маратон

Post Views: 8 Се прават завршните организациони подготовки за старт на 28  меѓународен охридски  атлетски маратон.  Но, годинешниов маратон ќе биде финансиски најскромен од било кога во изминативе  години од кога се одржува нагласува Пеце Неданов од организациониот одбор на најстарата маратонска манифестација во земјава. Досега се пријавени за учество околу 46 маратонци, од кои 5 во женска конкуренција, а до 7 септември додека трае пријавувањето очекуваме  уште од 20-тина маратонци, напоменува Неданов. Додава дека  ќе нема  голема конкуренција како во минатото заради годинешниот скромен...

Continue reading

gradinka

Од Охрид започнува откривање на таленти

Post Views: 0 Раната идентификацијата на талентите треба да започне од најраната возраст. За прв пат во Македонија се реализира еден грандиозен проект „Откривање и работа со надарени и талентирани во предучилишните установи“. Според проф. Љупчо Кевероски, во фокусот на овој проект е раната идентификација и препознавање на талентите или со други зборови кажано, Македонија прави еден радикален чекор кога станува збор за компетенциите за воспитниот и другиот стручен кадар, да направи своевиден пресврт во однос на гледањето на оваа популација. „Се работи под секакво соучество на еминентни...

Continue reading

most na zelbite

Најавено па одложено рушењето на „Мостот на желбите“

Post Views: 4 „Мостот на желбите“ се спаси, но до наесен. Среде туристичка сезона денес беше  најавено па одложено неговото рушење. Утрово 50 -тина  жители  од Канео и стар град со жив штит се спротиставија на решението на општинскиот инспекторат да го срушат мостот. Еден од жителите кој се спротистави на рушењето  е и Величе Велјаноски. Тој вели со оваа одлука  се руши нивниот сон Канео да биде поврзан со градот и да не мора да ја искачуваат  500 метарската стрмна нагорнина. Сега кога годините натежнаа и ни е ограничено движењето низ стар град со режимот за сообраќај оваа  одлука...

Continue reading

lisica

Лисица во кругот на охридската болница?

Post Views: 3 Деновиве охрѓани во дел од парковката површина на болничкиот комплекс, во непосредна близина на инсталационите цевки за парно и вода забележале лисица. Според нивните кажувања лисицата била окотена тука бидејќи имало и 5 мали лисици. За оваа појава побаравме одговор од првиот човек на болницата Љубен Арнаудов. Тој беше затечен од состојбата бидејќи денес му беше првиот работен ден после искористување на годишениот одмор. Објективот на нашата камера не ја регистрира лисицата, но имаше видливи траги дека престојувала тука, според ископаните дупки, пердуви од кокошки,...

Continue reading

Жените всушност не сакаат мажи

Post Views: 2 Заборавете на потрагата по вистинскиот маж, едниствено нешто што може жената да ја направи среќна е задоволството од нејзиниот изглед. Според студијата објавена во магазинот “Proceedings of the National Academy of Sciences”, тежината многу повеќе влијае на психичката состојба на жените од љубовниот живот. Совршената линија носи задоволство и тоа поголемо од среќна врска. Според извештајот на др. Пам Спур,психолог,  тежината на луѓето им станала толкава опсесија што се вовлекла во сите пори на животот. “Работев со многу дебели жени и на нив тежината секогаш им е во глава....

Continue reading

pazar

Дали конечно се надзира изградба на покриен зелен пазар во Охрид?

Post Views: 3   Денес е распишан тендер за изградба на покриен зелен пазар во Охрид. ЈП „Градски пазар“ ќе избира најповолна понуда за изградба на новиот објект по пат на јавно приватно партнерство. Новиот затворен пазар според веќе изготвената физибилити студија треба да се гради на површина од 6779 метри квадратни на три нивоа, П плус два, како што најави општинскиот гласноговорник Томе Џамтоски. „Според физибилити студијата економска оправданост постои само ако општината добие 1230 метри квадратни зелен пазар и тоа на приземјето кое треба да е опремен со 192 тезги по хасап систем...

Continue reading

Shroud of Turin

Торинското платно-реликвија или средновековна измама?

Post Views: 0 Лучијано Бусо од Тревизо вели дека пронашол сокриен потпис на Џото ди Бондоне во отпечатокот од лицето и рацете на Христа а на неколку други места открил напишани 15-ки. Тој е убеден дека бројката се однесува на 1315-та, годината кога му било наредено да направи копија од реликвијата, бидејќи оригиналот бил тешко оштетен или загубен. Историчарот, кој своите контроверзни тези ги објавил во книга, вели дека неговата теорија се поклопува со современите карбонски тестови, кои покажаа дека тканенината потекнува од раниот XIV век. Платното е сопственост на Ватикан, но се...

Continue reading

krlezi

Внимавајте, почна сезоната на крлежите

Post Views: 6 Внимавајте, почна сезоната на крлежите. Наглото зголемување на температурите после долгата и влажна зима се идеални услови за нивно размножување. Ги има во грмушките, високите треви, на дрвјата, а граѓаните често се жртви на овој пајаковиден членконог. –Ми се закачи крлеж и отидов на лекар па интервенираа. Многу непријатна случка. Сега многу внимавам кога се движам каде што има високи треви, вели еден наш сограѓанин. –Крлежите ги има по тревата ама и од милениците. Тие што имаат кучиња и мачки треба да водат сметка за нив, вели една охриѓанка. Лекарите објаснуваат...

Continue reading

Зошто светските милионери се поливаат со ледена вода?

Post Views: 1 Mark Zuckerberg го стартуваше овој тренд во технолошкиот свет каде го следат сите големи ривали од светот на технологијата за да застанат на иста страна и да помогнат во собирање на пари за заболени од болеста Lou Gehrig. Станува збор за “леден предизвик” во организација на ALS, во кој славните излеваат канта ладна вода на себе, а потоа донираат пари и повикуваат следни три лица да го направат тоа во рок од 24 часа. Како што трганало, наскоро стеблото на предизвик не ќе може да се следи, но својот предизвик веќе го направи технолошката тројка. Творецот на Facebook Mark...

Continue reading

ulica sirma

Жителите од Сирма Војвода го бараат ветениот асфалт

Post Views: 0 Улицата „Сирма Војвода“, по се изгледа не е приоритет во работата на Секторот за сообраќај, патишта и улици, како што од таму најавија на крајот од минатата година, потсетуваат мештаните од оваа улица. Голем број згради и индивидуални куќи години наназад се оставени без асфалтиран пристапен пат.  И покрај подмирените комуналии децата од овој дел во зима газат по кал од дома за да стигнат до училиште, додека пак во лето стравуваат од змии, затоа што она што треба да претставува градска улица повеќе наликува на запуштена нива. „Еден град како Охрид, кој е град за респект,...

Continue reading

vmro - dpmne

Митровиќ: Господo од СДСМ, критиките свртете ги кон вас

Post Views: 1 На денешната прес конференција на ОК на ВМРО – ДПМНЕ портпаролот Никола Митровиќ кажа дека сака да ги потсети, како што рече, новите гласноговорници на СДСМ на осум годишната голгота на градот. Митровиќ рече дека СДСМ го остави Охрид  во 33 милионски долг, кој ДПМНЕ се обидува да го анулира. Исто така посочи дека  ВМРО ДПМНЕ се обидува да го реши урбаниот хаос и пренатрупаната и неефикасна администрација која ја наследиле од СДСМ. „Затоа, ВМРО ДПМНЕ ја разбира вашата потреба од медиумски простор, ја разбира Вашата потреба особено на оваа помлада генерација на СДСМ да...

Continue reading

vmro - dpmne

Михаилов: Не може двајца, да избришат долг од 8 милиони евра

Post Views: 2 Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Атанаско Михаилов, со експресна реакција на денешниот прес на ВМРО НП.  Тој нагласи дека неколкумина луѓе во народна, мислат дека граѓаните не знаат кој 8 години управуваше со Проаква и какви штети му направи на ЈП. Проаква е едно од најзадолжените претпријатија а за тоа главни виновници се точно претходното раководство во кое што заменик директор беше потпретседателот на ВМРО – НП, додаде Михаилов. „Борбата за враќање на ЈП на нормални патеки враќањето на долговите е започната и ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески ќе направат се да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top