Ознака: направи

“Егоманијак” кој од чевлар направи легенда

Post Views: 1 Кога би се бирал најдобриот претседател на фудбалски клуб на сите времиња, изборот сигурно би се довел на две имиња – Сантијаго Бернабеу или Силвио Берлускони. Ако е Бернабеу сепак најголемиот тогаш веднаш до него би бил Берлускони. Кога станува збор за Берлускони, тука нема средина, или го сакаат или го мразат, за едни е ангел, а за други е ѓавол. Низ целата кариера го следат бројни интриги и контроверзи и е одличен материјал за психоаналитичари и докторски дисертации. Може сешто да му се приговара, но никој не може да порекне дека е голем претседател. Бројките говорат...

Continue reading

Претседателот на Реал Мадрид направи инцидент на највисоко ниво

Post Views: 4 По неколку години примирје, односите помеѓу Реал и Атлетико повторно се заострени до крајни граници. Прилог на тоа е инцидентот кој се случил пред последното градско дерби на Висенте Калдерон, а во Мадрид веќе го нарекуваат како голем скандал. Имено, челниците на клубовите се состанала на традиционален ручек пред мечот, а делегациите ги предводеле Флорентино Перез и Фернандо Фернадез (Реал Мадрид) и Енрике Серезо и Мигуел Анхел Гил Мартин (Атлетико), како и претставниците на групата Wanda, кинеската компанија која вложи голем капитал во Атлетико Мадрид. Откако започнал...

Continue reading

Тоти го обвини Јувентус за местење

Post Views: 4 Јувентус во недела навечер ја совлада Рома со 3-2 на својата арена, и тоа беше дерби на најголемите конкуренти за титулата и до вчера единствените два тима со максимален учинок. По обичај и ова дерби не помина без контроверзи, а по натпреварот се побуни легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти. “Пристигнавме во Торино, но сите видовте што се случи. Со години се случуваат исти работи. Не знам дали вечерва нѐ победија судииите, но сигурно не Јувентус”, во лутина и бес изјавил 38-годишната легенда на италијанскиот фудбал. Судијата Роки досуди во првите 45 минути три...

Continue reading

Papata Francisko

Како Ватикан гледа на жените и хомосексуалците

Post Views: 2 Папата Франциско предупреди дека католичката црква го губи својот пат со претераното фокусирање на спроведувањето на политиката против контрацепција, абортус и хомосексуалност, наместо да ги отвори вратите и да ја направи црквата милосрдна институција. Во интервју за италијански магазин папата Франциск исто така ги повтори помирливите ставови кои неодамна ги даде во врска со геј луѓето. Коментарите на папата за третирањето на хомосексуалците со почит, не претставуваат застранување од учењето на црквата. На некој начин, тој ја најави промената во реториката на официјален...

Continue reading

Здравствениот дом Вевани направи дневна болница за лекување на заболени со корона вирусот

Post Views: 2 Вевчани направи дневна болница за лекување на пациенти со корона вирусот.  Поради зголемениот број на заболени   деновиве во Здравствениот дом   „Доктор Светозар Чочороски“  преадаптирани се некои одделенија и поставени се  десетина нови   кревети. Пациентите позитивни  или сомнителни на ковид-19  од Вевчани и околните струшки села Лабуништа, Татеши, Велешта, Октиси, Подгорци, Јабланица   добија безбеден и изолиран простор за лекување. „Поентата ни беше да помогнеме на Струга и Охрид да се олесни работата Станува збор за пациенти со лесна до средна клиничка слика, не...

Continue reading

Германците се вратија дома

Post Views: 1 Фудбалските репрезентативци на Германија се вратија во својата земја од Бразил, каде ја освоија својата четврта титула Светски првак. Фудбалерите слетаа на аеродромот Тегел околу 10 часот, а неколку стотици луѓе ги поздравиле на самата писта, кои ги предводел капитенот Филип Лам кој со пехарот прв излегол од авионот. Играчите потоа во отворен автобус ќе одат до Брандебуршката капија, пред која се собрале повеќе стотици илјади граѓани, облечени во црна, црвена и златна боја. “Ова беше прекрасно Светско првенство. Факт е дека успеавме да се наградиме со титула, што натпреварувањето...

Continue reading

koloseum

Ќе остане ли Рим без Колосеум?

Post Views: 16 На Колосеумот, една од најпознатите градби во светот и симбол на италијанската престолнина, му се заканува опасност да се сруши, доколку властите го реализираат својот план во негова близина да изградат метро-станица, предупредува здружението за заштита на културното наследство “Наша Италија“. Според зборовите на претседателот на ова здружение, Карло Рипа ди Меане, поради ископувањата во непосредна близина на Колосеумот, темелите на таа градба би можеле да попуштат. Меане и неговото здружение бараат од судот да се забрани изградбата на станицата на метрото кај Колосеумот,...

Continue reading

maska

Анонимуси ја пробија мрежата на ФБИ како освета за Законот за пиратерија

Post Views: 3 Познатиот глобален хакерски колектив „Анонимни“ го направи својот најголем историски напад – објави оваа група на својата интернет страница. Тие успеаја да ги пробијат интернет мрежите на ФБИ, министерството за правда на Америка, на Здружението за филм и дискографски куќи или вкупно се регистрирани 218 напади.Како повод за оваа акција групата ги наведе лошите закони за антипиратерија со кои американската администрација ќе може да побара затворање на некоја интернет страница. Од „Анонимни“ соопштија дека е „време за акција“ со што ги најавија следните свои активности...

Continue reading

scientist

Вирус кој може да убие пола планета!

Post Views: 1 Група научници направи вештачки грип кој може да убие половина цивилизација доколку „излезе“ од лабораторијата. Смртоносниот вирус е генетски модифицирана верзија на H5N1 птичјиот грип, но е многу позаразен и посмртоносен и лесно може да се пренесе на милион луѓе одеднаш. Рон Фушиер, лидер на истражувањето во лабораторија во медицинскиот центар Еразмо во Ротердам, признава дека новиот вид на вирус веројатно е еден од најопасните вируси кој може да се создаде во лабораторија. Тој смета дека објавувањето на резултатите од неговата студија е неопходно, за да можат властите...

Continue reading

Mount Everest

Непал ќе го премерува „покривот на светот“

Post Views: 0 Владата на Непал нареди повторно да се измери „покривот на светот“ Монт Еверест, за да се утврди колку е навистина висок, соопшти денеска еден од официјалните лица во Катманди. Непал ја признава висината на монт Еверест од 8848 метри, која важи со децении. Но, Кина и алпинистите од западните земји од неодамна почнаа да изнесуваат други процени. Подготовките биле во тек, а се планира на врвот на Еверест да се постават направи кои ќе ја измерат висината со помош на сателитска технологија ГПС. Поставувањето на тие направи на три различни локации и другите подготовки ќе...

Continue reading

Sarkozy

Саркози не ги разликува „Викиликс“ и „Википедија“

Post Views: 9 На состанок одржан кон крајот на ноември, францускиот претседател Никола Саркози направи „индикативен“ лапсус, пишува францускиот неделник „Окован патор“ – Наместо да го осуди „Викиликс“, претседателот зборуваше за неодговорното однесување на „Википедија“ наведува весникот. Добро е познато дека „Викиликс“ е организација која веќе неколку денови открива тајни документи од американската дипломатија, додека „Википедија“ е бесплатна онлајн енциклопедија. Информацијата која вчера ја објави на „Твитер“ еден новинар на неделникот „Нувел Обсервер“ насмеа голем број корисници...

Continue reading

LG направи телевизор кои ги брка комарците

Post Views: 1 LG очигледно го препознал вистинскиот момент и одлучил да направи телевизор кој ќе биде средство за информирање и забава, но и оружје за борба против незгодни болести. Минатата година во индискиот главен град, Њу Делхи се забележани 16.000 случаи на таканаречената Денга треска која ја пренесуваат комарците. За жал, иако Индија направи голем технолошки исчекор, многу краишта и понатаму имаат проблеми со лошите хигиенски и здравствени услови. За да се помогне оваа година и да се избегне слично сценарио, LG ексклузивно за индискиот пазар одлучи да направи посебен телевизор. Тој...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top